54
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска во телефонски разговар со претседателот Ѓорѓе Иванов изразил загриженост заради политичката криза и растечките тензии во Македонија.

„Граѓаните очекуваат правда и таа не смее да биде оневозможена. Корупцијата на највисоките нивоа од власта треба да биде истражена, а не амнестирана, му рекол Плевнелиев на Иванов“, стои во соопштението од Кабинетот на бугарскиот претседател.
Плевнелиев ја истакнал бугарската поддршка за истрагите кои ги води Специјалното јавно обвинителство, како и целосната имплементација на договорот од Пржино.