
Бразилците започнаа со апсење на своите политичари од самиот врв според обвиненијата за корупција.
Според дневнииот весник O Globo, врховен бразилски обвинител побара од највисокиот суд во државата да издаде налог за апсење на разни политичари кои ја попречуваат истрагата за корупција во државната нафтена компанија Петробрас.
Претседателот на сенатот, Ренан Кахеирос, еден од оние за ког потерница предложил обвинителот Родриго Џанот. Тој ваквото барање го нарекол “ непропорционално и злоупотребувачко“.
O Globo наведува дека Џанот исто така побарал апсење на поранешниот претседател Хозе Сарнеј, портпаролот на понискиот парламент Едуард Кухне и сенаторот Ромеро Жуке, кој на кратко бил министер за планирање во привремената влада на претседателот Мајкл Темер. Венсиците наведуваат дека сите тројца негирале учество во попречување на истрагата.
Канцеларијата на генералниот обвинител не сакала да ги коментира овие тврдења.
Одлуката за апсење ќе ја донесе судијата на Врховниот федерален суд за правда, Теори Збацки. Само високиот сид може да доенсе одлука за приведување -апсење и судење на федерални политичари.
Извор:Webtribune.