Советот на НАТО сојузот во петокот одобри испраќање на дополнителни авиони, бродови и опрема за следење во Турција.
Дипломати истакнуваат дека овој пакет на опрема делумно се испраќа како не би имало повеќе соборување на руски авиони, бидејќи рускиот авион бил соборен над сириската граница во ноември.
“Се сложивме околу пакетот на мерки за безбедноста за Турција земајќи ја во предцид запалливата сутуација во регионот“, изјавил генералниот секретат на НАТО Јенс Столтенберг. Тоа ќе ни овозможи подобра транспарентност на ситуацијата и поголема предвидливост, допринесувајќи за стабилизацијата на ситуацијата во регионот и намалување на тензиите“.
Иако содржината на пакетот не е конечно дефинирана, се очекува тој ќе содржи авиони пресретнувачи, како и авиони со AWACS (систем за предупредување и контрола на воздухот) со радар.
Германија и Данска ќе испратат бродови кои веќе се наоѓаат во Медитеранот.
Пакетот кој е потпишан без расправа, се предлага веќе 10 месеци, ама на важност добил откако Турција го собори рускиит СУ-24, заради упад во нејзина територија.
Уништувањето на авионот, кое е спроведено со воздушните напади како дел од руската антитерористичка кампања против Русија, бредизвика нервоза кај Русија, која тврди дека рускиот авион не навлегов во Турска територија.
НАТО јавно ја поддржа Турција, иако претставници се изненадени од инцидентот кој го загрози плановите за формирање на анти-ИСИС коалиција помеѓу Русија и западните сили.
Неколку денови пред состанокот на советот на НАТО во Брисел, инсајдери ги известија медиумите дека нови сили ќе ги надгледуваат операциите на Турција и ургираат на Турција да се придржува на директивата на сојузот.
“НАТО сё повеќе ќе го надгледува воздушниот просторна Турција така да Турците ќе мора да имаат во предвид дека ние ќе имаме поим што сё се слулува на набото“, изјавил инсајдер.
