Почитувани, советот на Месна самоуправа Подгорци има за цел да ве извести дека полека ќе се оди на привршување на започнатите активности, а воедно да ве информираме дека во нашата населба во тек се уште две нови заеднички активности. Првата активност се однесува за местото кај куќата на Ајдароски Нагим, а тоа е бетонирање на бетонска мулда на речното корито каде се собира голем смет и се создава лоша смрдеа, потоа отсатранување на постоечките решетки и поставување на нови во поголеми димензии како би се спречило прелевање на водата при поројни дождови. (гореспоменатото можете да го видете низ слики од лице место). Втората активност е на патот за рибникот, а се а се работи за потпорен зид од камен и бетон бидејќи постоечкиот беше во лоша состојба.(слики низ прилогот). Да напоменеме дека и двете активности се во заедничка соработка на граѓаните од населбата во соработка со Советот на месната самоуправа Подгорци. На крајот да кажеме големо БЛАГОДАРАМ на нашите Подгорчани кои безрезервно се активираа и понудија бесплатна работна рака за сите активности и уште едно големо БЛАГОДАРАМ на оние наши луѓе кои донираа во овие наши заеднички активности се со цел за подобро живеење и функционирање во нашата населба.
Со почит, ваша М.С. Подгорци

