Контролниот попис на населението во Бих, кој е спроведен само на 17 денови веднаш после главниот, на терен открил дека нема дури 11% од граѓаните кои биле попишани.

Најмногу одстапки, од 27,4% имало во Дистриктот Брчко, во РС 10,1%, а во БиХ 10,1%, а во Федерацијата БиХ 9,3%. Колку за споредба, во Србија во текот на пописот од 2011 година таа разлика била нешто повеќе од 5%.
Овој шокантен податок претставува дел од информациите кои заводот за статистика на РС ги упатил на Народното Собрание,за посебна седница за проблемот на пописот.
Според мислењето на Заводот, олкави одстапувања зборуваат за манипулации на теренот во текот на главниот попис во 2013 година.

– Иако анализата на споредување на податоците од пописот и постпописните анкети не е завршен, веќе дури сега е индикативно дека на ваков начин че бидат вклучени околу 300.000 резидентни жители повеќе отколку што реално ги има- се наведува во информацијата.