Премиерот Ахмет Давутоглу во Анкара приреди вечера за претставниците на немуслиманските заедници
Премиерот Давутоглу вниманието го привлече кон потребата од не правење разлики меѓу граѓаните и додаде дека владата е решителна да го укине поимот малцинство од општествениот живот на Турција. Овој поим рече Давутоглу може да се забележи како во текстот на Лозанскиот мировен договор така и во одредени меѓународни правни норми.
Вие сте деца на оваа почва исто како и сите останати, не дојдовте од надвор и нема да одите никаде. Нашите традиции живееја на оваа почва и ќе продолжат да живеат и во иднина, рече премиерот Давутоглу на присутните на вечерата.
Премиерот Давутоглу обраќањето го заврши со следната реченица : Во период кода во Европа се појави движењето Пегида, кога сите се затворија со своите атари и кога се врши вистинска изолација на Муслиманите во европските земји знајте дека, ние секогаш цврсто ќе застанеме пред сите тие средини кои ќе сакаат Турција да ја претворат во земја во која нема да постои таа и таа верска популација.
