1
Израелскиот министер за информации Израел Кац им изразил поддршка на иранските антивладини демонстранти.
Тој истакнал дека израелската политика не подразбира мешање во внатрешните прашања на Техеран.
“Можам само да му посакам успех на иранскиот народ во борбата за слобода и демократија. Ако успеат во постигнувањето на слободата и демократијата, многу закани за Израел и за целиот регион денес ќе исчезнат “, изјавил Кац за израелското радио, објави Ројтерс.
Запрашан зошто израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го следи примерот на американскиот претседател Доналд Трамп и не дава поотворена поддршка за демонстрантите, Кац одговорил:
“Израел се обврза да не се меша со ова внатрешно прашање”.
Вчера, ирански официјален претставник ги обвини “странските агенти” за конфликтот во кој беа убиени двајца демонстранти, а Кац таквите тврдења ги опиша како стандардни изјави на, како што рече, “лажниот и пропаганден режим”.
Израел одамна изрази загриженост во врска со нуклеарната програма на шиитските ирански власти и нивната поддршка за исламистички герилци во Либан и на палестинските територии и истата загриженост ја делат и останатите субнитски арапски земји во светот.
Четиридневните протести во Иран го поставија свештеничкото раководство на таа земја пред најсмелиот предизвик уште од прореформски судири во 2009 година, а до денеска, а како што денес тврдат иранските државни медиуми, 12 лица загинаа во судирите со полицијата, заклучува британската агенција.
АП пренесува дека демонстрациите, кои започнаа в четврток, како што се наведува заради економска мизерија што влијаеше на Иран, најбројни се во исламската република уште од оние од 2009 година, кога протестите беа одржани поради контроверзните претседателски избори.
Извор:cdm