Во четвртокот, Израел од Русија побара “поконструктивен пристап” кон иранскиот и сирискиот проблем.
Имено, израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, во четвртокот ја потсети Москва на одлуката на неговата влада, односно дека Израел нема да им се придружи на санкциите од Западот, и ја повика Москва да возврати со “малку поголем про-израелски пристап кон Сирија и Иран”.
Изјавата на Авигдор Либерман доаѓа откако Русија го прозва Израел за воздушниот напад врз Сирија на 9-ти април, што инаку многу ретко го прави, како и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го напушти иранскиот нуклеарен договор до 12-ти мај, на што Москва се спротивставува.
“Ние ги цениме односите со Русија. Дури и кога нашите блиски партнери на нас вршеа притисок, како и во случајот на санкции против Русија, ние не им се придруживме “, изјавил Либерман.
“Голем број земји неодамна ги протераа руските дипломати, и Израел не се приклучи кон оваа акција. Ние ги земаме предвид интересите на Русија и се надеваме дека Русија ќе ја разгледа и нашата, тука на Блискиот Исток. Очекуваме разбирање и поддршка на Русија кога станува збор за нашите витални интереси “, рекол израелскиот министер за одбрана.
Русија претходно во основа молчеше и не ги коментираше повремени воздушни напади на Израел на позициите на сириската армија и нејзините сојузници. Но, Москва отворено го осуди нападот во април во кој загинаа седуммина Иранци.
“Ние немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Она што ние нема да дозволиме е тоа Иран Сирија да не ја претвори во фронт против Израел“, изјавил Авигдор Либерман за рускиот Комерсант.
Коментирајќи го иранското раководство, Либерман во кратки црти влстите во Техеран ги изедначил со нацистичка Германија и ја потсети Русија дека тогаш била на вистинската страна.
“Се надеваме на јасен и недвосмислен одговор од Русија, која е многу истрајна во одржувањето на сеќавањето на настаните од Втората светска војна”, истакнал Либерман.
Русија и понатаму е со Иран: Секоја промена во нуклеарниот договор е неприфатлива е за нас.
ФОТО: Марија Захарова
Русија официјално не коментираше апелот на израелскиот министер за одбрана, но истакна дека нуклеарниот договор беше договорен од светските сили со Иран, а неодамнешната изјава на израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран нема да доведе до нејзина промена. За Русија ова е неприфатливо.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со крајниот рок до 12 мај, кога мора да одлучи дали САД ќе се повлечат од договорот од 2015 година, кој на Техеран му понуди повлекување на меѓународните санкции во замена за неговата програма, премиерот Нетанјаху го обвини Иран дека “тајно развиваат нуклеарно оружје”.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера уште еднаш потсети дека Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) отворила досие за наводната воена нуклеарна програма на Иран, и сега таа земја е најмногу контролирана од ИАЕА во светот.
Затоа, Марија Захарова рекла дека Русија верува дека воведувањето на какви било промени во нуклеарниот договор е неприфатливо.
Москва во неколку наврати изјави дека сака договорот да остане недопрен, што на некој начин е одговор кон Авигдор Либерман, кој ја повика Москва на Тел Авив да му возврати со “малку повеќе про-израелски пристап кон Сирија и Иран”.
Захарова, исто така, истакна дека секој проблем поврзан со договорот треба да се решава исклучиво со Техеран и шест меѓународни преговарачи, имено Русија, Кина, САД, Франција и Велика Британија, плус Германија.
Исламската република постојано потврди дека никогаш не се обидела да се здобие со нуклеарно оружје, а за “презентирањето на доказите” од страна на Нетанјаху, врвот во Техеран изјави дека : “тоа беше смешна, бескорисна и срамна пропаганда темелена на лаги”.