![]()
Откако соборија руски воен авион, сега сите очи се вперени кон Турција.
Не пертставува изненадување тоа што Турција лесно успеа да го собори рускиот авион. Турската војска користи најсовремена опрема, вклучувајќи ја и она увезена од САД и голема количина на опрема од домаѓно прозиводство.
Ви претставуваме дел од воената опрема која ја поседува Турција:
![]()
Турски авион Ф-16 Борбен Фалкон кој го собори рускиот Сухој-24. Турција поседува околу 300 вакви американски повеќенаменски борбени летала кои и самата ги произведува со помош на лиценца.
![]()
Израелско летало ИАИ Херон кое Израел го користел како би вршел надзор над Газа. Турција псоедува 10 вакви летала, специјално направени со силен мотор и турска опрема за обработка на фотографија.
![]()
Турција исто така оперира и со три MQ-1 Предатор дронови од американско производство. Кога ќе се опремат со ракети од типот Hellfire, овие дронови можат да бираат цели на земја кои нема да имаат поим дека се надгледувани.
![]()
Американски Хеликоптери Black Hawk кои сеуште се користат во војската на САД. Турција неодамна нарача 115 вакви хеликоптери и тоа специјално модификувани.
![]()
Panter Howitzer е оружје кое неодамна е развиено во Турција за потребите на војската и располага со домет од 40 километри.