ЕРДОГАН: Турбето на Сулејман-шах пренесено е на безбедно место,

by Administrator
erdogan-turbe-sulejman-aha-premjeteno-na-sigu

Турбето на Сулејман-шах, почесната гарда и јарболот со турското знаме ќе продолжат да го негуваат  споменот на турските претци на нова локација истакнал претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган по пат на соопштение за јавноста.

Во акцијата која започнала доцна синоќа преместени се посмртните остатоци на Сулејман=шах и останатите пропратни историски знаменитости до локацијата недалеку од Халеп, која представува единствена суверене територија на Република Турција надвор од нејзините граници, а обезбедено е друго подрачје исто така во Сирија, во непосредна близина со границата на Турција како привремено место за погребување.

Додавајќи дека преместувањето се врши во рамките со гаранцијата на меѓународното право и договор, Ердоган истакнал дека турската влада успешно ја извела ова акција.

Претседателот исто така истакнал дека и тој внимателно ја следел целата акција.

“Воената акција со која лично раководел премиерот и началникот на генералштабот, за цел имала преместување на турбето на Сулејман -шах на сигурно место во Сирија“, истакнал тој.

Исто така тој изразил и жалење заради несречната смрт на еден турски војник кој смртно настрадал во текот на изведување на акцијата.

Турбето на Сулејман-шах, дедо на Осман први кој го оснивал Османлиското царство, се наоѓаше во Сирија, ама на суверене територија на Турција оддалечена на 30 километри од границата.

Комплексот на оригиналното место на турбето сега е неприступачен од безбедносни причини, а специјалната воена единица кој го чувала турбето вратена е во Турција, изјавил премиерот Ахмет Давутоглу.

Претходно припадниците на турската војска кои го чувале турбето во оваа еинствена Турска енклава надвор од нејзините граници, била честа мета на закани од напади на припадници на терористичката организација ИСИС, кои го имаа опколено подрачјето каде се наоѓало турбето.

 

 

You may also like

Leave a Comment