Еден ден потоа: Ле Пен бара затварање на џамии,Paul Craig Roberts го обвинува Париз за “лажни знамиња“,а Папата не се откажува од Трета светска војна

by Administrator

post image

Еден ден после страотните настани во Париз светот е запрепастен од размерите на трагедијата, ама е и преплавен од коментарите и реакциите.

Ле Пен: Џамиите ќе ги затвориме!

Лидерот на десничарскиот Национален фронт Марин Ле Пен денес по повод терористичките напади во Париз изјави дека ,непријатели на Франција се оние кои одржуваат врски со исламизмот и дека “исламскиот фундаментализам “ мора да биде уништен.

Франција мора да одреди кои се нејзините пријатели, а кои непријатели. Непријатели на франција се оние кои одржуваат врски со исламизмот. Еднаш за секогаш Франција мора да преземе контрола над всоите граници. Исламскиот фундаментализам мора да биде уништен, радикалните џамии мораат да се затворат, а радикалните верски лидери да бидат протерани – изјавила Ле Пен на француската телевизиај, пренесува “Гардијан“.

Според нејзините зборови, на француските терористи мора да им се одземаат државјанствата и забранат влез во Франција.

За случајот  “ Сириски пасош“

Пасош на сириски државјанин пронајде е кај еден од терористите-самоубиец на парискиот стадион Stad de Frans, пренесува француската телевизика БФМ.

Двајца од седум-те терористи одговорни за синиќешните напади во Париз се идентификувани, соопштила полицијата. Еден од нив е сириски државјанин, додека вториот е од француска националност.

Претходно, француската полиција соопшти дека е пронајден сириски пасош кај телот на еден од терористите-амоубијци, додека личноста на вториот утврдена според отисоците на прстите.

Како пренесуваат медиумите, француската полиција е во потера за црн автомобил марка “сеат“ со странски регистерски таблички “GUT 18053”.

Покрај телото на уште еден осомничен за терористичкиот напад во Париз кој беше изведен пред стадионот Stad de Frans, пронајден е египетски пасош.

Меѓу сторителите на терористичкиот напад на рок концертот во театарот Батаклан во Париз бо можело да биде и една жена, прен есува радиостаницата Europe 1.

Според информациите на радиостаницата, гледачите кои биле на концертот изјавиле дека виделе како влегуваат тројца терористи, меѓу кои биле двајца мажи и една жена.

Во петокот навечер во Париз се случи серија на терористички напади. Напаѓачите пукале на посетителите во еден ресторан, три експлозии одекнаа во близина на стадионот Stad de Frans, каде се одржуваше пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија. Покрај тоа, на рок концертот во театарот Батаклан напаѓачите држеле заложници. Францускиот претседател објави дека во нападите настрадале 127 луѓе.

Меѓу засега потврдените 128 жртви од синоќешниот напад во Парис, досега официјално е објавена насионалноста само на пет жртви, два Белгијанци, двајца Румуни, и еден Швеѓанин.

Шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејндерс изјави дека  во повеќето истовремено напади во Париз синоќа загинале најмалку двајца државјани на белгија, пренесе аганцијата АФП.

Официјално, меѓу повредените има и еден Австријанец и еден Румунец, додека американскиот Стејт Департмент наведил дека помеѓу ранетите има и Американци.

„False flag“ според  Paulu Craigu Roberts

Седум е часот, петок 13, а немаме многу информации за “терористичкиот напад“ во Париз, само тоа дека Париз е затворен како и Бостон после “ Boston Marathon бомбардирањето“, кој исто така носи етикета на настан популарно наречен „false flag“.

Можеби уверливи докази ќе бидат презентирани доколку синоќешниот настан во Париз навистина е терористички акт. Меѓутоа, што би добиле бегалците со остварување на имиџот непожелни особи во земјата домаќин, или каде бегалците во Франција можат да набават автоматско оружје и бомби? Навистина, каде самите Французи можат да го набават?

Милион бегалци заради војните на Вашингтон ја преплавуваат Европа,  доведувајќи ги во прв план националистички, анти-ЕУ партии во западно европските држави, како што се ПЕГИДА во Германија, Независната партија на Најџел Фраго во Велика Британија, па сё до Марин Ле Пен и нејзината Национална партија во Франција. Покрај тоа што се анти-ЕУ, овие партии исто така се борат против доаѓањето на мигрантите.

Последните анкети во Франција јасно покажуваат дека заради произлезените бегалци од американските војни, Марин Ле Пен стана првиот кандидат за освојување на наредните претседателски избори во Франција.

Заради 14 годишната долга подршка на неоконзервативните војни на Вашингтон, кои имаат за цел остварување на американската хегемонија на Блискиот Исток, естаблишментот на Европската влада ја изгуби подршката на гласачите. Европјаните сакаат да бидат Французи, Германци, Италијанци, Унгарци, Чеси, Британци. Тие сакаат нивните држави да се трансформираат во “ Вавилонска кула“ на разноликост благодарение на бегалците кои се резултат на војните на Вашингтон.

Да останат во национална смисла она што се, основно е она што им го нудат партиите како Пегида, онаа на Фараго и Ле Пен на своите гласачи.

Сваќајќи ја својата ранливост , сосема е можно дека францускиот владеачки естаблишмент донесе одлука за спроведување на напади на “ лажни знамиња“ кои ќе им дадат основа за затварање на француските граници, а со тоа ќе ја лишат и Мари Ле Пен како нејзин главен предизборен адут.

Некои луѓе се толку наивни и глупи дека ниту една влада нема да ги убива своите граѓани. Меѓутоа, владата тоа го прави цело време. Постојат бескраен број на напади “лажни знамиња“ како што се операциите Гладио. Опреацијата Гладио била спроведена од страна на ЦИ и италијанската разузнувачка служба, а се состоела од немилосрдно предизвикување на бомбашки напади над невините Италијанцим слично како оние кои чекале на железничка станица и убиствата на стотици луѓе, а потоа за тоа насилство да бидат обвинети европските комунистички партии во времето после Втората светска војна, со што комунистите би биле спречени да ја остварат својата победа на изборните трки.

Претседателот на Италиа ја откри вистината за операцијата Гладио, а за неа исто така можете да прочитат и за валканите детали во бројните онлајн книги. Бомбашките акции не ги направија комунистите, што нашироко беше известувано по корумпираните самадни медиуми, тику истите беа спроведени од страна на разузнувачките структури на Италија со посредство и помош на ЦИА. Во една расправа на италијанските истражни органи, член на италијанската разузнувачка служба, изјавил дека целите на нападот внимателно и претходно биле избирани како би се зголемила смртноста на жените и децат, бидејќ тие жртви биле најкорисни во дискредитирањето на комунистите.

Со оглед на тоа дека западниот свет има долга традиција на оркестрирање на “лажни знамиња“, “терористички напади“ во Париз би можела да биде нивната најнова манифестација, пишува Roberts на својот личен блог.

“Папата на мирот“ ја најавува Третата светска војна.

Папата Фрањо го коментираше настанот во Париз, нарекувајќи го како дел од трета светска војна, јавува радиото Ватикан.

Во телефонско интервју изјавил дека ваквите напади “ не се хумани“.

“Јас сум со Французите, со семејствата на жртвите и се молам за нив. Погоден сум и ожалостен. Не разбирам, вакви работи тепко е да се разберат“, изјавил Фрањо.

На прашпањето дали ова е почеток на Трета светска војна, Папата одговорил дека “ова е дел од тоа“. “Не постои религиско ниту човечко оправдување за вакво нешто“, рекол Папата.

После сето, едно е сигурно – уште долго ќе пишуваме и полемизираме за трагичниот петок 13-ти, кој Париз синоќа го претвори во зона на самракот.

 

 

You may also like

Leave a Comment