Капитализмот учи дека важни се само победниците, дека секоја особа мора сама да се бори за себе, дека целта е само еден да биде победник кој добива сѐ и кој нема никаква одговорност кон останатите.
За капиталистот сѐ претставува потенцијален пазар. Било тоа да е образование,здравство или пристап до вода. Меѓутоа со секој неуспех на пазарот се повеќе станува јасно дека основните човекови права не можат да се купуваат и продаваат слично како автомобилите или мобилните телефони.
Глобален неуспех.
Капитализмот не успева да ја котролира глобалната нееднаквост. За секој долар кој е 1% и го поседувале најбогатите во 2011 година, сега поседуваат 1,27 долари. Најбогатите речиси поседуваат половина од светското богатство. Само нив 70 поседуваат онолку колку поседуваат 3,5 милијарди луѓе.
Капитализмот не успеваше ниту пак сакаше да ја контролира “трката до дно“ која беше предизвикана од “слободната трговија“, додека работите за средната класа доспеваат во државите со ниски плати.
Капитализмот исто така не успевал ниту да ја контролира глобалната деградација на екологијата, со трилиони субвенции кои одат кај загадувачите кои не плаќаат данок и корпорациите кои ја игнорираат секоја општествена одговорност барајќи начини да заработат од глобалното загревање.
Несупех во отварање на работни места.
Со или без глобализацијата, работите на средната класа исчезнуваат, а тука спаѓаат дури работите од областа на финансиската анализа, медицинската дијагноза, правната помош и новинарството. За тоа виновна е вештачката интелигенција. Милиони луѓе некогаш имале улога во производството и имале корист од тоа, додека сега корист има само елитата
Се наведува дека невработеноста е намалена, меѓутоа тоа само така изгледа заради работите со кратко работно време. Се почесто се јавуваат технолошки вишоци во војската и технологијата. Доволен пример е дека вистинската невработеност во САД изнесува 23%, што претставува слично со невработеноста од периодот на Големата депресија.
Неуспех на здравствената нега.
Капиталистичките мотиви на создавање на профит овозможуваат да таблетата (апче) против хепатитис, кое во Египет кошта 10 долари, во САД да се продава за 1.000 долари и дека трошоците на давање на крв значително да варираат во различни болници во Калифорнија.
За овие случаеви виновна е злоупотребата на патентите (пронајдоци-изуми). Фармацевстките компании можат незначително да доработаат некој лек зада направат “сосема нов“ лек со нов патент.
Истото се работи и со водата за пиење. Секоја флаширана вода во стварност претставува филтрирана вода со некое “фенси“ име, чиј производител гарантира дека е “чиста и безбедна“
И покрај слободната трговија, местото на средната класа во целост е во сопственост на супербогатите.
Неуспех во образованието.
Главен неуспех на образованието е во приватизацијата на школите со лажни акредитации. Покрај овие лажни акредитации, многу школи ширум светот се затвараат, оставајќи зад себе ученици без адекватно образование и работа.
Луѓето како потрошен материјал
“Корпоративните капиталисти не се грижат за човечкиот живот“напишал Крис Хеџис, Во капиталистичкиот систем луѓето стануваат безначајни.
Извор: Webtribune

