Home АнализаЧедомир Јовановиќ. Повикува на одавање на почит на настраданите во геноцидот во Сребреница

Чедомир Јовановиќ. Повикува на одавање на почит на настраданите во геноцидот во Сребреница

by Administrator
0 comments

чедомир

Веќе 20 години трагичниот јубилеј на босанската војна потсетува на разорните последици на политиката која Србија ја водеше во деведесетите години, и дека е време за соочување со вистината, истакнал Чедомир Јовановиќ, претседател на Либерално-демократската партија.

“Оној кој нема никаква емпатија спрема жртвите на другите народи, нема емпатија ниту спрема настраданите од сопствениот народ“, додал Јовановиќ.

Акција “Седум илјади “

Организација на цивилното општество во Србија ги повика пратениците на парламентот на Србија и министрите во српската Влада да учествуваат во акцијата “ Седум илјади“ со која во Белград ќе биде одбележана 20 годишнината од геноцидот во Сребреница.

Во повикот се потсетува дека во периодот помеѓу 11 и 19 .јули 1995 година припадниците на тогашната Војска на Република Српска погубија повеќе од осум илјади бошњачки мажи и деца во Сребреница и нејзината околина.

Акцијата “Седум илјади“ се организира на иницијатива на новинарот Душан Машиќ, кој на социјалните мрежи предложи седум илјади луѓе пре платото на Народното собрание на Република Србија да легнат на земја, во знак на сеќавање на жртвите на сребреничкиот геноцид.

Повик пред Собрание.

Јовановиќ апелира на подготвеност на граѓаните на 11.јули пред собранието во Белград со своето присуство да покажат дека жртвите поеднакво се болни, и дека не може да се побегне од фактите.

“Зради тоа ги повикуваме сите луѓе кои сакаат Србија да постане таква држава, која и покрај заканите на шовинистичките, националистичките, и фашистичките групи, како и нивните медиумски и политички спонзори, во сабота 11.јучи, пред Собраниеот на Србија да одржат помен за жртвите од Сребреница“, истакнал Чедомир Јовановиќ.

 

You may also like

Leave a Comment