Еден месец по почетокот на новата учебна година, наставниците и учениците го оценуваат спроведувањето на новиот наставен концепт. Шерафедин Абдурахмани, наставник во четврто одделение во основното училиште „Лиман Каба“ во селото Љуботен, вели дека новиот наставен концепт односно дигитализација на наставата, не одговара на условите со кои се соочуваат училиштата моментално. Дури, според него, учениците заостануваат со пишување.
„Ова е добро, не е штетно, но ми се чини дека се уште не сме подготвени за вакво учење. Гледам дека децата заостануваат со пишување, тоа е голем минус, а останатото е позитивно. Тешкотијата е што децата не се опремени со соодветни таблети дома, треба да имаат компјутер, лаптоп или таблет. Има родители кои имаат две или три деца, не можат да ги обезбедат сите овие средства“, рече Шерафедин Абдурахмани, наставник, о.у „Лиман Каба“ село Луботен.
Учениците велат дека дигиталното учење е привлечно само во училиште додека дома предизвикува тешкотии поради недостаток на обичните книги.
„Кога одиме дома, немаме каде да ги пишуваме домашните задачи. Малку ни е тешко да ги памтиме домашните задачи.
„Не можам да ги пишувам сите бидејќи немаме книги. Подобро со книги. Можеби така ќе ни биде полесно да ги пишуваме домашните задачи“, рекоа учениците
Учениците исто така се жалат на бројни технички проблеми кога станува збор за учење од дигитални книги. Бараат да имаат печатени книги паралелно со дигиталните.
„Дали имаш таблет или компјутер дома? Имам лаптоп, се обидов да отворам, ги отвори сите, само тие од четврто одделение не. Малку тешко, со книги можеме да ги видиме задачите и да ги работиме. Потешко ми е со математика“.
„По албански јазик е полесно и подобро. Кога пишуваме домашни задачи овде во училницата, подобро е затоа што гледаме за што зборува. Дали е подобро да ја имате книгата во рака или да седите пред компјутер и да ја отворите книгата? Подобро е да ја имате книгата во рака“, додаваат учениците.
Поради недостаток на дигитална опрема за новиот наставен концепт, многу ученици беа принудени да ги фотокопираат дигитални книги кои пак не се дозволени според МОН.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=nzgusN2Ln3s[/embedyt]
Alsat-M




