„Рјотерс“: ЕУ повеќе не гарантира европска иднина за балканот

by Administrator

Европската Унија, поради страв од можни политички реакции во земјите – членки, повеќе не може да се согласи дека гарантира за идно членство на шестте балкански земји во ЕУ, меѓу нив и Македонија, иако балканските земји добија ветувања за европска иднина. Ова го пишува „Ројтерс“, а за ова сценарио се повикува на четворица дипломати и еден документ.

На претстојниот самит закажан за 6 октомври, Европската Унија планира во изјавата да наведе дека Унијата ја реафирмира својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива за Западен Балкан“. Но, според дипломатските извори на „Ројтерс“, земјите членки и по две рунди разговори, сѐ уште не постигнале согласност за оваа формулација.

Застојот во разговорите околу декларацијата е нова пречка за ЕУ пред самитот, кој требаше да ја зацврсти посветеноста на ЕУ на стратегијата според која на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Албанија им беше ветено дека ќе станат дел од европското семејство, пишува „Ројтерс“. Медиумот ги забележува тензиите меѓу Србија и Косово.

Nova Tv

You may also like