Алијанса за Албанците поднела околу 150 приговори до ДИК за неправилности на денот на гласањето но сите беа експресно одбиени, вели Арбен Таравари.„ “
Вели дека Алијансата има имиња на конкретни луѓе кои во моментов не се во земјата но и имиња на луѓе кои починале а гласале на изборите.
Нека изберат едно изборно место во Зајас, нека изберат ДИК, ДУИ или било кој и нека ја отворат кутијата. Ако се сите луѓе присутни од тие што гласале, а тоа може да се види и преку граничната служба, дали тие луѓе влегле и гласале. Доколку само од едно избирачко место се констатира дека сите тие што гласале се тука, тогаш ние за 5 минути ќе излеземе и ќе го прифатиме изборниот резултат и ќе им понудиме на ДУИ нашите 12 пратеници од коалицијата Алијанса/Алтернатива да им стојат на располагање цел мандат од 4 години, вели Таравари.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=UzSQT0uk2vM[/embedyt]
Telma