Предвремени избори 2020
Конечни резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат
Државната изборна комисија денеска одржа јавна седница на која ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.
Коалиција „Можеме“ предоведна од СДСМ – 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени мандати – 46
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57% – 44 мандати
ДУИ – 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати
Коалиција Алијанса/Алтернатива – 80.000 гласови или 8% со 12 мандати
Левица – 30.426 гласови или 4,1% – 2 мандати
ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати
TV21
Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не го гледа како партнер во новата влада и оти за ДУИ е важно одржувањето на Охридскиот, Преспанскиот, и Договорот со Бугарија.
-Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот, Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори, апсолутно се поврзуваат со тие што ги креираа овие договори кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори, рече Арифи во гостувањето во отвореното студио на ТВ „24“.
„NovaTV“
Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Судот денеска ги разгледуваше и одлучуваше за последните четири тужби.
„Одлуките се одбивателни. Сите четири тужби коишто денеска беа разгледувани и одлучувано, ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се одбиени и се потврдени решенијата од ДИК“, изјави денеска Ивана Смугреска од Управниот суд наведувајќи дека донесените пресуди се конечни и против партиите нмаат правпо на жалба против нив.
Таа појасни дека според судечките совети тужбите се неосновани, дека се судело врз основа на Изборниот законик, како и дека во не може да се предлагаат нови докази и нови околности.
Во изминатите денови Управен суд, ги одби сите 176 тужби поднесени од Левица, Алијанса за Албанците – Алтернатива и МОРО – Работничка партија.
Тужбите од партиите до Управниот суд следуваа по решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори 2020.
R.S.E.
Управниот суд денеска треба да ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и на МОРО Работничка партија, на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентраните избори одржани на 15 јули.
Управниот суд вчера ги одби тужбите поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и тужбата на Интегра.
Во текот на вчерашниот ден две тужби против одлкуките на ДИК поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. До Управен пристигнаа и две тужби од партијата Демократи, една од Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МОРО Работничка партија.
Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.
Управниот суд, според роковникот за изборни дејствија, е должен да донесе одлука најдоцна 60 часа од приемот на тужбата.
По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување конститутивната седница на Собранието е 4 август.
TV21
Пендаровски за ТВ21: Прво консултации со политичките партии, па доделување на мандат за состав на Влада
Претседателот на државата, Стево Пендаровски за ТВ21 вели дека прво ќе одржи консултации со политичките партии, па потоа ќе го додели мандатот за состав на нова Влада.
„Претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието“, вели Пендаровски за ТВ21.
Според Уставот, крајниот рок за формирање на Парламентот е 20 дена по одржувањето на изборите. Претседателот на државата Стево Пендаровски е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот пак во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
„Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието“, додава Пендаровски за ТВ21.
Периодот што следува ќе биде неизвесен, исполнет со тешки преговори и долги пазарења меѓу партиите, особено поради тоа што резултатите се тесни.
Според првичните неофицијални резлтати, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.
TV21
Тужби до Управниот суд по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за отфрлање на приговорите за предвремените парламентарни избори, досега поднеле само Интегра и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива (АА/А). Интегра има поднесено една тужба, останатите 75 се потпишани од АА/А, а Управниот суд треба да ги разгледа на јавна седница во рок од 60 часа од нивниот прием.
Левица и ВМРО-ДПМНЕ, исто така, најавија дека ќе поднесат тужби до Управен суд по решенијата од ДИК за отрфлање на приговорите за изборни нерегуларности. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК.
Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани вчера информираше дека решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите до 14 часот ги подигнале претставници на АА/А, на Интегра, на МОРО, на Демократи и на Левица, појаснувајќи дека доколку некоја од партиите не ги подигне решенијата, ДИК им ги испраќа по електронска пошта. Пет часа од испраќањето, посочуваат од ДИК, се смета дека решенијата им се уредно доставени на партиите.
По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.
NovaTV
Преговорите за нова Влада ќе почнат по илинденските празници, вели лидерот на СДСМ во интервју за порталот А1он. Според Заев, изборните резултати јасно покажувале кој го има мандатот за формирање на Влада.
„СДСМ и коалицијата „Можеме“ со европските и напредни политики што ги водеше досега и со јасната понуда во делот на економијата и правдата има најголем коалициски потенцијал, далеку поголем од капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија.
На Влада се надева и ВМРО-ДПМНЕ. И тие како и СДСМ се сметаат за победници на изборите
Партискиот лидер во интервју за косовска телевизија вели дека во Мала Речица остануваат на ставот за Албанец премиер и дека за поддршка на оваа иницијатива интензивно се водат разговори во албанскиот политички блок
Во Алијансата веќе излегоа со став дека не планираат коалиција со ДУИ, а во Левица велат дека не влегуваат во коалиција со СДСМ.
Патот до Илинденска води преку гласот на 61 пратеник во новото Собрание кое треба да се конституира на почетокот на идниот месец.
Sitel
До Управниот суд денеска до 18 часот се поднесени тужби од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива (АА/А) и од политичката партија Интегра, како и од граѓанин за повреда на избирачко право. Освен две официјално заведени тужби од АА/А, од коалицијата во албанскиот политички блок се пристигнати уште 75.
„Во тек е заведување на тужбите од Алијанса за Албанците и Алтернатива по што ќе биде објавено на интернет страницата“, информираат од Управен суд.
Во Управниот суд во тек е јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска од Куманово, за поништување на решението на Општинската изборна комисија (ОИК) за повреда на избирачкото право.
Претходно денеска во 14:50 часот во Управниот суд е поднесена и заведена уште тужба од подносителот ИНТЕГРА Македонска Конзервативна Партија за заштита на избирачко право на подносителите на листи. Од Управниот суд, посочуваат дека за одржување на јавна седница дополнително ќе информираат.
NovaTV
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека Комисијата ги одбила или отфрлила сите приговори во однос на изборниот процес затоа што, како што посочи, ниту еден од нив не бил целосен и поткрепен со докази и записници.
„Немаше воопшто докази за приговорите и во тоа беше проблемот, рече тој во гостувањето на Топ Тема образложувајќи го одбивањето на сите приговори за изборите.“
Веројатно, додава тој, подносителите си имаат свои причини зошто ги поднеле на тој начин.
„Да поднесете приговор во кој што ќе напишете три реченици и во кој што ќе објасните некоја ситуација за повреда на избирачко право или повреда на постапка за сумирање на резултати, без било каков конкретен доказ, записник од избирачкото место во кој се гледа дека е ставена забелешка од некој од присутните на гласачкото место, од подносителот, а да очекувате дека некој ќе ви прифати приговор, тоа нема да се случи“, истакна Дерковски.
Тој појасни дека ДИК отфрлила 1.478 приговори од Левица бидејќи не биле потпишани. Дерковски тврди дека не е битен печатот, туку потребен е само потпис за да се идентификува подносителот и од тие причини како неуредни согласно Изборниот законик беа отфрлени тие приговори.
„Сите останати 505 или 504 беа со ист текст, и реченици кои беа копирани во сите приговори. Дури во нив имаше дваесеттина каде пишуваше „приговор за избирачко место нула“, рече претседателот на ДИК.
Тој потенцира дека во 61 приговор на Алијанса за Албанците и Алтернатива стои истото име на починат и истиот текст во образложението, вели Дерковски кој оценува дека тоа е несериозно однесување за една политичка партија.
„Политичките партии треба серизно да си ја сфатат работата и во иднина малку повеќе внимание да посветат на оваа постапка за да не се случуваат вакви работи“, рече тој.
Потсети дека на претседателските избори имало целосни приговори поткрепени со докази со приложени засписници и доказен материјал по кои ДИК постапил и отварал гласачки кутии за да ги преброи гласовите во нив, но на овие избори немало ниту еден таков приговор.
Што се однесува до приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за неважечките ливчиња, според кои граѓаните во текот на кампањата биле наведувани да го пречкртаат „Северна“ на ливчињата за подоцна да бидат прогласени како неважечки, вели дека доколку имаат такви наводи тогаш треба да поднесат пријава до обвинителството.
Во врска со тврдењата дека е можно да се направат злоупотреби во делот на пренесување на податоците од записникот 16 во 21 Деркоски вели дека резултатите се утврдуваат од записник 16 каде се утврдил резултат ноќта по изборите. Тие записници и целиот материјал, потенцира, го доставуваат до ДИК.
„Ние како комисија еден по еден записник го гледаме и за нас тој е валиден документ и од таму се внесуваат резултати во записникот 21. Ако има несовпаѓање во 21 ја повикуваме ОИК да изврши корекција на збир на бројки, можни се пермутации во збир на бројки, но записникот 21 за нас не е битен. Битни се записниците број 16“, рече Деркоски.
Појасни дека кога се составува овој записник се брои секое едно ливче од кутијата во присуство на Избирачкиот одбор. Ако има забелешки, вели, треба тие да се внесат уште тогаш, бидејќи секој од присутните мора да се потпишат на него.
NovaTV