Еквадор го направи најголемиот светски цветни аранжман кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.![]()
Аранжманот направен од рози изложен е во градот Табакундо и е реплика на пирамидата Кочаски. За неговата изработка користени се 546.364 рози, јавува агенцијата Анадолу.
На правењето на овој аранжман равотеле 1.500 жители седум дена и тоа по 16 часа дневно.![]()
Целта на овој проект е промовирање на регионалниот туризам и извозот на рози од Еквадор.![]()
![]()
![]()
![]()
Извор:faktor/ АA
Некатегоризирано
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг потврди дека НАТО Алијансата денеска се согласи да и издаде покана на Македонија.
– Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по првата сесија на северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО.
Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.
-На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг денеска на прес-конференцијата по првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел.
– Го поздравувам Договорот со Грција, јасно кажавме дека ќе започнеме пристапни преговори и рековме дека еднаш откако ќе се финализираат процедурите ќе може ПЈРМ да стане 30-та членка со новото име, рече тoј одговарајќи на новинарско прашање.
Извор: НоваТВ
ФК Барселона(FC Barcelona) и бразилскиот клуб Гремио де Порто Алегре(Gremio de Porto Alegre) постигнаа договор за купување на играчот Артур Хенрике Рамос де Оливеира Мело(Arthur Henrique Ramos de Oliveira Melo), каде Барселона може да го оствари правото на федеративните права на играчот во текот на јули 2018 година. Цената на трансферот изнесува 30 милиони плус 9 милиони евра во варијабилни износи.
Роден на 12 август 1996 година во Гојанија(Goiania), Бразил(Brasil). Артур Хенрике Рамос де Оливеира Мело, подобро познат како Артур, е талентиран играч од средниот ред кој се издвојува по неговата способност на продори. Играчот својот квалитет го покажа во својата татковина со Гремио со кого го освои Бразилскиот куп и Копа Либертадорес(Copa Libertadores). Тој, исто така, го претставувал Бразил со тимовите на У17 и У20 и бил неколку пати повикан во првиот тим, иако тој сеуште нема дебатирано.
Артур е играч од средниот ред кој е познат по неговата способност на продори. Друг квалитет на Артур е неговата способност за брзо ослободување од противникот. Бразилецот е одличен во заштита на топката и моќе да излезе со конечниот премин во последната третина.
Бразилецот својата кариера ја започнал во 2008 година во младинските тимови на Гоиас Еспорте КлубGoiás Esporte Clube , пред да се пресели во клубот Порто Алегре во Гремио во 2010 година. Артур после извесно време станал дел од првиот тим на трењерот Луиз Фелипе СколариLuiz Felipe Scolari. Малку по малку, станал витална фигура во тимот кој го освои Копа Либертадорес во 2017 година, каде беше прогласен за играч на натпреварот во вториот дел од финалето против аргентинскиот Ланус(Lanus).
извор: Fcbarcelona
MD
ХМД Глобал(HMD Global) е една од најретките произведувачи на телефони кои потврдија дека сите актуелни модели на компанијата ќе бидат надградени на Андроид П(Android P), кога Гугл(Google) официјално ќе ја објави платформата.
Од Гугл известуваат дека презентирањето ќе биде во текот на месецот август, каде Андроид П би можел да пристигне на Пиксел, а за кратко време и на уредите на Нокиа(Nokia).
Доколку имате некој Нокиа телефон од понудите на ХМД Глобал, големи се шансите да меѓу првите ја добиете надградбата на Андроид П. Ова го потврдува неодамнешниот извештај, во кој се наведува кореспонденција на е-пошта помеѓу корисникот на Нокиа смартфон(Nokia smartphone) и Нокиа Мобил Кер(Nokia Mobile Care).
Иако моментално Андроид П е достапна само за Нокиа 7 плус, финската компанија планида да ја објави финалната верзија за сите свои модели од август.
Останува да се види дали ХМД Глобал навистина ќе успее да одговори на овој предизвик и своите Нокиа телефони ги ажурира на Андроид П.
извор: xda-developers
MD
Собранието на Република Македонија денеска треба повторно да гласа за Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името. Се враќа по вторпат на гласање бидејќи Законот не беше потпишан од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Собранието го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и без против и воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Истиот ден тој беше потпишан од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери и испратен до Кабинетот на Иванов, кој како што најави го врати законот во предвидениот рок без да го потпише Указот.
Минатата недела Иванов ја достави одлуката и го информираше Собранието дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.
За да го изгласа законот за ратфикација на Собранието му е потребно мнозинство од 61 глас „за“. Доколку повторно се изгласа, договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.
Претседателот на Собранието Џафери најави дека по прегласувањето ќе го испрати законот во Службен весник со еден потпис, а исто така ќе постапи и за Законот за употреба на јазиците, чијшто указ Иванов не го потпиша.
Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас на 17 јуни во Псарадес, на грчката страна на Преспанското Eзеро. На потпишувањето присуствуваа и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, медијаторот на Обединетите Нации (ОН) во спорот со името Метју Нимиц, потсекретарката за политички прашања на Светската органзиација Розмари Ди Карло, високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан.
Според договорот, официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име).
Со договорот се признава – македонски јазик, како дел од групата јужнословенски јазици. За државјанство е предвидено: Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија – во сите патни документи.
Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат истиот. Доколку која било од страните не го прифати договорот тоа ќе значи дека тој договор не важи.
Конечниот збор ќе го имаат македонските граѓани на референдум, најавен за наесен.
Извор:НоваТВ
Заев: Решението е тешко, Грција доби ерга омнес име, ние добивме ерга омнес идентитет
Решението кое што го постигнавме со Грција е тешко, тешко е за мене, тешко е за мојот народ, но европската аспирација и нашата должност кон идните генерации се премногу големи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Еуроактив“.
На прашањето дали опозицијата ќе го отежни имплементирањето на Договорот, Заев вели дека таа е контрадикторна односно истовремено е против измена на Уставот но е за членство во НАТО и ЕУ.
-Ако сме за НАТО и ЕУ, треба да бидеме подготвени за компромис. Во почетокот и јас посакував да нема потреба да се менува Уставот. Но со моќта на аргументите за време на разговорите, стана јасно дека таквата позиција ќе создаде нови проблеми.Ние сакаме еднаш засекогаш да завршиме со проблемите. За да можеме да градиме пријателски односи и да склучуваме договори во корист на нашите две земји и на нашите два народи, и затоа беше направен компромисот. Грција доби ерга омнес за името, ние добивме ерга омнес за идентитетот. Истовремено, се гарантира идентитетот на Македонците што живеат во Грција, ова е јасно поставено. И во овој поглед, јас сум задоволен што имаме праведна и правно здрава одлука – вели Заев.
Тој во интервјуто ја споредува македонската опозиција со грчката опозиција и вели дека тие се многу слични, прават врева, организираат протести, користат навреди односно имаат исти тактики, но сепак убеден е дека кај опозицијата ќе преовладаат здравиот разум, љубовта кон татковината и перспективата на државата.
Извор:Мета
Тодоровиќ ги врати првите 433.000 евра од „Скопје 2014“ во буџетот на Општина Центар
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје, поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и лицата М.Т., поранешен секретар и Д.Р., вработен во Секторот за уредување на градежни земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата, соопшти директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Според обвинението, тие го оштетиле буџетот на Општина Центар во износ од 433.389 евра за градежни работи кои се однесуваат за изградба на пешачкиот мост „Око“ на Вардар, граден од страна на компанијата „Конструктор инженеринг АД Сплит“.
Поради неисполнување на обврски од договорот, прекршување на рокот за изведување на работите, како и поради неквалитетно извршување на веќе изведените работи, во 2012 година Општина Центар го раскинала договорот со „Конструктор инженеринг АД Сплит“, чија што вредност изнесувала 119.197.783 денари.
– Пријавените В.Т, М.Т. и Д.Р. со препуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршење на своите овластувања и должности и на име на ненаплатени три банкарски гаранции го оштетитле буџетот од 26.653.424 денари (433.389 евра) – истакна Муареми.
Тој додаде дека овие пари на 30 јуни биле вратени на сметката на Општина Центар, но се надева дека кривична одговорност ќе има. Муареми исто така рече дека во тек се и други истраги за „Скопје 2014“ и дека за некои предмети имаат соработка со СЈО.
Инвеститорот на објектот во општина Илинден каде што вчера се удави 13 годишно девојче немал дозвола за градба – изјави за НОВА ТВ градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.
Стојановски вели дека инспекторите од општината извршиле увид на местото каде што инвеститорот почнал подготвителни активности и утврдиле дека не се почитувани елементарните услови за градење.
„Изразуваме сочуство за несреќниот случај. Како општина очекуваме од сите градежни фирми да ја знаат и почитуваат процедурата согласно Законот за градење и другите закони. Во овој случај инспекторите утврдија дека не се почитувале елементарните услови“ рече Стојановски за НОВА ТВ.
Денеска инвеститорот со дрвени огради го заградил местото каде што вчера падна 13 годишното девојче и се удави во насобраната вода. Според Стојановски, инвеститорот сакал на местото да гради згради.
„Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност“ соопшти Јавното обвинителство.
Извор:НоваТВ
Кај 12-те деца и нивниот тренер кои се најдени по девет дена потрага во пештера во Тајланд стигнаа доктори. Специјалците се тркаат со времето како да ги извлечат.
Тајландските морнарички фоки соопштија дека сите 13 членови на младиот фудбалски тим, кои се заглавени во пештера на северот на Тајлад се здрави. Седум членови на морнаричките фоки, меѓу кои има и доктори и медицинска сестра, им се придружија на децата и нивниот тренер во пештерата во која тие побараа засолниште поради поплавите.
Командантот на специјалците изјави дека спасувањето пештерата е една од неколку опции кои се разгледуваат, како и оти нема потреба таа акција да се брза бидејќи децата и нивниот тренер се безбедни во пештерата.
АБЈАН, 1 јули, 2018 година (ВАМ) – Црвената полумесечина на Емирати, ЕРЦ, продолжува со организирање масовни венчавки во Јемен, во согласност со директивите на Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, со учество на 2.400 млади луѓе кои живеат во осум провинции.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=45yp8O-FaUw[/embedyt]
ЕРЦ, во петокот, ја организираше четвртата групна свадба во провинцијата Абјан, во која беше вклучена помош од голем број претставници од делегациите на провинцијата и делегациите на ЕРЦ.
Н.Е. Шеик Хамдан бин Зајед Ал Нахјан, Претставник на Владетел во регионот Ал Дафра и Претседател на Црвената полумесечина на Емирати, ЕРЦ, истакна дека иницијативата Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед е дел од поддршката што ја дава ОАЕ за емитскиот народ и се совпаѓа со 100-годишнина од основањето на Отецот на основањето, починатиот шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан.
“Оваа иницијатива ја нагласува решеноста на нашето раководство да го следи Шеик Зајед во поддршката на Јеменскиот народ и да им ги обезбеди своите основни потреби. Групата свадби ја одразуваат визијата на Обединетите Арапски Емирати и визијата на раководството за помагање на младите Јеменски луѓе со сите средства за социјална и психолошка стабилност, помагајќи им да ги преземат своите одговорности за градење на својата земја во иднина “, додаде тој.
Д-р Мохамед Атеек Ал Фалахи, генерален секретар на ЕРЦ, истакна дека добротворната организација има јасен план за работа за организирање групни свадби, во согласност со директивите на Неговото Височество Шеик Мохамед и следењето на Шеик Хамдан.
Оваа иницијатива покажува дека нашето раководство е целосно свесно за економските и социјалните услови во Јемен и за аспирациите на младите луѓе, за постигнување на социјална стабилност и пристоен живот, рече тој.
“Страшните економски услови ги принудија Јеменската младина да се воздржи од венчавање и оваа иницијатива започна со крајна цел намалување на трошоците за брак и промовирање на социјалната кохезија. Организиравме групни свадби во Hadramaut, Аден, Сокотра и Абјан и ги направивме сите потребни аранжмани за организирање слични настани во Таиз, Дала, Шабва и Мока “, додаде Ал Фалахи.
Пофалувајќи го иницијативата на Неговото височество Шеик Мохамед, генерал-потполковникот Абу Бејкер Хусеин Салим, гувернерот на Абиан, изјави дека тоа се одразува на силната врска меѓу ОАЕ и Јемен и им помага на младите од Јемен да ги остварат своите соништа за бракот и социјалната стабилност.
Тој, исто така, му се заблагодари на Шеик Хамдан за немилосрдна хуманитарна и развојна поддршка обезбедена од страна на РКЕ до жителите на провинцијата во текот на последните неколку години.
Извор:WAM / Elsadig Idriss / MOHD AAMIR