АСАД: Кога терористи ќе го нападнат Запад, тоа е тероризам, а кога ќе не нападнат нас, тогаш тоа е Демократија?!

by Administrator

asad1

Сирискиот претседател вчера на одржал говор кој бил емитуван на државната телевизија. Тој во говорот се осврнал на улогата на Западот во борбата против тероризмот во Сирија истакнувајќи дека нивната улога крајно е лицемерна бидејќи “создадоа терористички групации кои оперираат во Сирија“.

“Западните земји работите како тероризам ги нарекуваат кога ќе ги погодат нив, ама кога ќе не погодат нас тогаш тие тоа го нарекуваат револуција, слобода, демократија и човекови права“, порачал Асад. Тој исто така истакнал дека не му е јасно “ како оние кои сеат тероризам можат да се борат против него?“.

Уште еднаш нагласил дека Сирија е подготвена за политичко решавање како би се завршила војната, ама како наведува секое политичко решение мора во својата суштина да содржи борба против тероризмот.

 

You may also like

Leave a Comment