Апсењето и протерувањето на Банкарите на Исланд една од најневеројатните приказни некогаш

by Administrator

ИСЛАНД

Стабилизираната економија на Исланд претставува една од најневеројатните приказни со среќен завршеток.

Сигурно сте слушнале за колапсот на економијата на Исланд во 2008 година. Иако нивните техники на решавање на проблемите биле жестоко критикувани во тоа време, тие во стварност вродија со плод.

Бидејќи се соочија со финансиска пропаст, народот на Исланд морал да размислува брзо. Наместо да ги спаси банките како во американскиот стил, државата ги опрости хипотекарските долгови на населението и сё започна од почеток.

Банкарската структура на ова држава со само 320.000 жители систематски пропадна во 2008 година, ама Исланд сега се наоѓа на пат кон опоравување, аа за државата се наведува дека е многу стабилна и во политички и економски смисол. Нивниот успех не доспеал во медиумите, ама тој е повеќе од фасцинантен.

Исланѓаните се жестоки. Тие се целосно изолирани, живеат во замрзната тундра и не живеат баш во оптимални временски услови. Тие се опкружени со разни притодни убавини, ама не се размазени. Само се упорни.

Наместо да им дозволат на криминалците одговорни за банкарската измама да се извлечат, Исланѓаните помислиле дека најдобро е прво тие да бидат обвинети за финансиски злосторства кои допринеле за финансиски колапс. Отплатувајќи ги кредитите на потрошувачите, опростувајќи ги долговите на сопствениците на стамбени објекти ( и до 110% од вредноста на имот) , и приведувајќи ди престапниците, Исланд успеа да се врати на нозе. Сега економијата  на Исланд целосно е опоравена и расте брзо отколку економијата на САД и земјите на Европа.

Кога на претседателот на Исланд, Олафур Рагнара Гримсон, го прашале дали на останатите држави , како државите во Европа би им успеало сценариото како во Исланд, тој одговорил:

“Зосшто банките се сметаат за цркви на модерната економија? Зошто приватните банки не се третираат како воздухопловните и телекомуникациските копмании и зошти не можат да пропаднат ако не работеле како што треба?  Теоријата дека банките мора да опастанат е токму она што им овозможува на банкарите да заработаат, да бидат успешни, и да ги тероризираат обичните луѓе низ данокот и мерките на штедење. Земјите во кои владее демократијата тоа наскоро нема да го трпат“.

Неговиот познат одговор на контраверзното прашање “ Која е причината за опоравувањето на Исланд“ гласи:

“Бевме доволн о мудри да не го следиме традиционалното прифаќање на доктрината на западниот финансиски свет. Воведовме контрола на валутата и ги оставивме банките да пропаднат. Им овозможивме подршка на сиромашните и не воведовме мерки на штедење слични како оние кои можат да се видат во Европа“.

Се разбира, не е сё толку едноставно. Многу Исланѓани мораа да работаат два или три работи за да се одржат себе си и своите семејства и мора да плаќаат поголем данок, што е неизбежен резултат за пропаст на банките.

Иако невработеноста е многу мала (помалку од 5%), може да се каже дека Исланд е “жртва на својот успех“. Високиот стандар на живот и работна недела од 60-70 часа помалку ги штипка џеповите. Тешки предизвици се наоѓаат пред Исланѓаните, ама тие дефинитивно успеале да ја избегнат наизглед неизбежната катастрофа.  Поентата на приказната е дека Исланѓаните беа искритикувани заради своите одлуки, а на крај се испоставило дека одлуката не била ниту толку блиску лоша.

Исланд од 2008 година повеќе му се посветил туризмот и енергетиката, што покажува и статистиката според која бројот на туристи се зголемил за 15,9% во однос на минатата година, додека турзимот изнесувал 5,9% од БДП.

Колку и да била нивната нетрадиционална метода, политиката на Исланд дефинитивно била успешна. Не можеме да очекуваме да им биде сјајно веднаш после глобално финансискиот колапс, ама факт е дека работите тргнуваат на добро.

 

You may also like

Leave a Comment