Американските воени бродови подготвени за напад во Јемен.

by Administrator

американски бродови

Два воени бродови на американската воена морнарица Јu-Еs-Еs Ivо Džimа и Јu-Еs-Еs Fоrt Маkhеnri, се во состојба на подготвеност во Црвеното море и подготвени да одговорат на бунтот предизвикан од страна на шиитските бунтовници во Јемен, тврди министерството за одбрана на САД.

“Американските воени бродови подготвени се да одговорат во Јемен“, соопштила Централната команда на САД на својот официјален профил на Твитер.

Заливските земји предводени од Саудиска Арабија покренаа воздушни напади на положбите на шиитските бунтовници Хуси во Јемен, кои пред неколку денови го зазедоа седиштето на претседателот на Јемен, Абед, Рабоа Мансур Хади, за кого дури денес се дознава дека се обидол да влезе во Оман, меѓутоа властите на Оман одбиле да ги пуштат во земјата, од каде се упатил во градот Сијун во централниот дел на земјата.

САД синоќа доцна соопшриле дека блиско соработуваат со Саудиска Арабија и дека американскиот претседател Барак Обам одобрил логистичка помош.

Русија, ги повикала на дијалог судрените страни во Јемен, додека Иран ја осуди воената интервенција, а Израел го обвини Иран, наведувајќи дека тој стои зад кризата во ова земја.

 

You may also like

Leave a Comment