Америка ја блокира декларацијата на ОН за насилствата во Појасот Газа

by Administrator

Соединетите Држави во Советот за безбедност на ОН го блокираа усвојувањето на нацрт резолуцијата во која се бара воздржаност и повикува на покренување на истрага за пограничните судири меѓу Појасот Газа и Израел, во кои загинаа 16 лица, соопштија денеска официјални лица. Израелските сили убија најмалку 16 Палестинци кои запалија гуми и фрлаа каменчиња преку границата на војниците.

Според палестинските податоци, со исклучок на 16 загинати, повеќе од 1.400 биле повредени, од кои 758 со боева муниција, а останатите од гумени куршуми и вдишување на солзавец.

Кувајт, кој во Советот за безбедност на ОН ги претставува арапските држави, издаде соопштение во кое се повикува на независна и транспарентна истрага за насилството.

Според неименуван дипломат на Советот за безбедност на ОН, нацрт-законот им беше предаден на членовите во петокот, но САД вчера изнесоа забелешки и не го поддржаа усвојувањето.

(Vijesti / SRNA)

You may also like

Leave a Comment