Путин вчера престојувал во Казан главниот град на Татаристанската Република ,каде што се состанал со истакнати личности од рускиот муслимански научен
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Исламот и муслиманската заедница се дел од руската културна структура.
Путин престојува во Казан главниот град на Татаристанската Република ,каде што се состана со истакнати личности од рускиот муслимански научен свет.
Нагласувајќи го значењето на повторното оживување на образованието по теолошкиот Ислам Путин рече:
Образованието по теолошкиот Ислам секогаш имаше своја длабочина и една своја извонредна историја. Пред револуцијата од 1917 година муслиманските научници од Русија насекаде беа познати и третирани како луге од почит ,воедно се почитуваа и нивните идеи.
За жал во ерата на Советскиот Сјуз оваа богатство се загуби.
Нашите власти ќе преземат чекори за поддршка на образованието на основа на Исламот. Од причина што традиционалниот Ислам претставува важен дел на рускиот културен код, воедно и муслиманската заедница во Русија претставува важен дел од мултикултурата на нашата земја.“
Инаку во Русија живеат 20 милиони муслимани или 15 посто од вкупното население.
Извор:ТРТ










