Почна судењето за обидот за убиство на Села

by Administrator

Во Кривичниот суд денеска почна судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Села не дојде на рочиштето, а во судницата присутни се десетмината обвинети. Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Судскиот процес го води судијата Славица Андреевска.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, беше беше тешко повреден при упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

За настаните во Собранието веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години.

Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment