Османи утре во работна посета на Тирана

by Administrator

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Тирана, каде има средби со државниот врв на Република Албанија.

Во рамки на посетата Османи ќе има одвоени средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи, со министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати и со претседателот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша, информираат од неговиот кабинет.

На средбите ќе се разговара за билатералната соработка, регионалната соработка, проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан како и за унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Албанија.

Посетата на Тирана, како што се наведува во соопштението, е дел од мини балканската турнеја која Османи ја започна со посетата на Атина на почетокот на месецов и ќе продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.

Извор:Мета

You may also like

Leave a Comment