Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, утре во Собранието ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, а се очекува и ратификација на добросеседскиот договор.
На седницата на Комисијата за европски прашања која ја води Артан Груби, свои излагања освен Иван Петков, ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.
Извор:НоваТВ










