Беса го разреши Касами од претседателско место и закажа Конгрес на 24 февруари

by Administrator

Централниот совет на Движењето Беса денеска донесе одлука за одржување на Конгрес на 24 февруари, информираа од партијата.

Истовреме, во партијата со анонимно гласање било одлучено лидерот Биљал Касами да биде разрешен од претседателското место. Вршител на должноста, претседател до одржувањето на Конгресот ќе биде професорот Неџмедин Карамани.

Причината за разрешувањето на Касами биле резултатите од последните избори и поради блокирањето на сите партиски органи и Статутот на партијата, од страна на Касами.

На седницата на Советот била избрана комисија за организирање на Конгресот.

Извор:Мета

You may also like

Leave a Comment