Еве, дојде и 2013 годи на, некои печалбари ни дојдоа на време, некои пак со закаснување, а  некои па не дојдоа, и Еве дојде и денот кога тие си заминуваат.

Навистина како се да се изгуби, како да се изгубија сите вредности, ех порано се доаѓало во декември, ама се заминувало во март на печалба.

Ама оваа печалба не е како оние од порано , сега тоа е нешто друго, некои си одат со семејствата, некои пак сами итн.

Некои имаат работа, некои пак немаат, некои треба да земаат пари кои што ги заработиле, некои пак ќе си го бараат рискот.,

А, бе бате ништо од Италија и Словенија работа ни за ич, а за пари да не прајш муабет.

Шест месеци немам зедено пари, двајца од моиве браќа заминуваат за Белгија ако најдет работа ако не ке одат во Германија или Австрија, многу е тешко, како ќе бидит еден Аллах знајт, ама на убо да е.

Некои пак и пркосет и на кризава, и покрај тоа што се нема работа, ги носат своите најблиски со себе, некој ги имал запишано на училиште некој заради документи итн.

Е , сега атмосверата во населбиве ни е за никаде, Октишаните повеќето си заминаа за Швајцарија, занив велат дека им е лесно зашто во Швајцарија има работа и пари.

Подгорчани и Лабуништани иу тие малку по малку се исцедуваат, некои што имаат работа а не им се брза ќе одморат уште некој ден, а некои во потрага по нов риск.

Некои да соберат пари за свадбите кога ќе дојдат, а некои да се потрошат за свадбата која треба да ја има. (Ех како само ова да е)

Ама селата веќе ни се празни, нема луѓе нема амбиент, нема каде да се оди навечер на гости (оваа не важи за жените) затоа што тие исто пак си ги тераат своите одачки, за мажите и за парите ич око не ми трепнува.

Не за џабе векам дека овде кај нас жените никогаш не биле ниту виделе криза.

Како и да е за ова може да се пишува уште многу….?? ама оваа нека биде мало наше ктратко видување на овогодинешниов дочек и испраќање на нашите печалбари.

Иншала да ни се вратат живи и здрави.

Мини колумна на АДМИН на ДУБАИ ПОРТАЛ

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here