Вечерва, со кланањето на првата Теравија намаз, Подгорчани и официјално како и останатите муслимани ширум светот го најавија почетокот на еден од најубавите празници за сите муслимани, односно почетокот на еден мубарек месец, месец Рамазан.

Пред присутните џематлии со прочување на делови од Кур`анот беше укажано на важноста на овој благословен месец, неговата вредност, и воопшто важноста и на Кур`анот, како упатство во животот на секој муслиман.

А, ние почитувани, во прилог на ова кратка информација, низ фотографии Ви пренесуваме дел од вечерашната атмосфера од извршувањето (кланањето) на првата теравија намаз на жителите на населба Подгорци.

Притоа уште еднаш на сите припадници од исламска вероисповест да им посакаме се најдобро во предстојните рамазански денови, истите да ги поминат во благосостојба, мир, пост и постигнување на добри дела.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here