Добре ни дојде мубарек месец Рамазан

0
412

Со проучувањето на езан за акшам намаз, и тропотот на тапанот на Сефо, Подгорчани  му посакаа добредојде на мубарек месец Рамазан.

Мубарек Рамазан е време во кое најсилно се отчитува личната побожност на секој човек за која Возвишениот Аллах вели дека не може да се мери ниту со било која од овадуњалучки вредности.

Рамазан е месец кој поврзува два значајни моменти во животот на муслиманите: обврската за пост и сеќавање на објавувањето на Кур`анот, заради тоа среќен е оној кој во месец Рамазан ќе одговори на поканата на Возвишениот Аллах, во постот да го пронајде својот мир со себе, со светот, да најде љубов кон Господ и спрема човекот, роднината и соседот.

Со уверување дека месец Рамазан ќе ни ја донеси Аллаховата милост и опрост, од сё срце на сите муслимани во нашава држава и странство им посакуваме среќни мубарек денови на Рамазан.

Рамазан Шериф Мубарек Олсун!

Џамиски меџлис при Џамија Подгорци!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here