HakanCelik

Зад државниот удар во Турција стојат државни непријатели. Директорот  на аганцијата Анадолија за Балкан, Хакан Челик, во разговор за Дневник ТВ1 не сакал да споменува имиња, со оглед на тоа дека веќе започнаа голем број на судски процеси.

“Тоа се луѓе кои не беа среќни заради турскиот успех кој Турција  во последно време го има на економска, технолошка и политичка сцена во светот“.

Тој се осврнал и на реакцијата на народот, после повикот на претседателот Ердоган. Челик се потсетува на 80-те, кога војската ја презела власта, и испрати милиони луѓе во затвор.

“ Овај пат народот виде дека такво преземање на власта не е решение на проблемот. Единствени кои можат да ги решат проблемите во Турцијја се легално избраните претставници на власта. Пучистите сакаа во поголемите градови  да извршат удар и доколку во тоа успее, истото ќе го направе и во другите градови. Меѓутоа овој пат погрешија, бидејќи до сега воените удари доаѓаа од врховниот командант“, смета Челик

Желбата на пучистите беше да се зароби или елиминира претседателот Ердоган, а се разбира и останатите негови соработници и други политички функционери, смета директорот на Агенцијата Анадолија.

“Зошто, ќе видеме, следуваат голем број на судски процеси. Истотот е и со мотивите и наредбодавачите. Овој настан ја завцрсти демократијата во Турција. Доколку нешто му се случеше на Ердоган, народот ќе беше на улиците да ја брани демократијата тоа Сите го видоа, желбата на народот е најважна. Теоретски постои опасност во наредниот период, ама ако некој размислува дека може повторно да направи нешто слично, едноставно греши“, порачал Челик.

Тема на разговорот бил и Фетулах Ѓулен, за кого официјална Анката има распишано пптерница и бара испорачување од страна на САД бидејчи се сомничи дека стои зад државниот удар. Како што тврди, станува збор за  водач на теористичка организација и треба да му се суди во Турција.

“Им порачувам нему и на неговите следбеници да дојдат и да им се суди во Турција. Да видиме дали навистина е невин, како што тврди, или пак стои зад сето тоа. Верувам дека американската влада ќе го испорача“, вели Челик.

Тешко е да се докаже, ама симпатизери и следбеници на Ѓулен има и во Бих, јасен е директорот на Анадолија.

.“Некои инвеститори одеднаш дојдоа во БиХ и отворија школи, фондации, издавачки куќи… Ние знаеме дека таа организација со години е активна во Бих. Видовте што се случи и случуваше во Турција, па замислете што би направиле во БиХ, регионот или било каде во светот, ако почувствуваат дека се оштетени“, порачал Челик.

Извор: (The Bosnia Times)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here