ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повика претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Барак Обама , да го испорача лидерот на терориситчката органзација ФЕТО/ПДЈ Фетулах Ѓулен на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган им се обрати на собраните граѓани во истанбулската населба Ускадар, а во таа прилика се осврна на последните случувања во врска со обидот за државен удар во неговата земја, од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, под водство на Фетулах Ѓулен.
„Од ова место им се обраќам на Соединетите Американски Држави (САД). Му се обраќам на почитуваниот претседател на САД. Реков претходно тоа лице (Фетулах Ѓулен), које е сместено во Пенсилванија да го депортирате или да ни го предадете нам, но, не ме слушавте. Денес, по овој обид за државен удат, повторно ви порачувам, испорачајте и го на Турција лицето од Пенсилванија”, рече Ердоган.
Истакна дека Турција во текот на последните 40 години многу пропати од “паралелните структури”, и повторно им се обрати на САД:
„Ако сме стратешки партнери, ако сме модел на партнерство, тогаш вас како парнери ве молиме да го исполните нашето барање. Бидејќи, ние го испорачавме секој терорист кој го побаравте, затоа вие испорачајте го овој терорист кој се наоѓа на нашата листа”.
Рече дека обидот за државен удар во Турција не се одвиваше на начинот како што учесниците во пучот посакуваа.
„Не грижете се, ние се поклонуваме само пред Господ. За нас е непримерно да се поклонуваме на било што или било кој друг. Такво нешто нема во нашите принципи”, порача Ердоган.
Во своето обраќање изрази и сочувство на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили и цивили во текот на обидот на изведување на државен удар и рече:
„Сите овие случувања не се дело на нашите Вооружени сили, туку дело на една мала група внатре во војската. Тие на нашите Вооружени сили беа еден тумор. Сега тој тумор ќе биде отстранет. Ако даде Господ, нашите вооружени сили повторно ќе дојдат на местото кое го заслужуваат”, рече Ердоган во обраќањето до илјадници луѓе во Истанбул откако синоќа е спречен обид за пуч во Турција.









