“Време е и Хрватска да распише референдум за напуштање на Европската унија (CROXIT) и сите политичари кои со измама не внесоа во неа, да бидат казнети и да одговараат!“ ,порачале од партијата Жив Зид.

Граѓаните на Франција, Италија, и Холандија, откако станало јасно дека Британците гласале за излегување оф ЕУ, започнале да го бараат своето право на глас. Посебно по ова прашање најмногу се гласни лидерите на десницата на Холандија и Франција, како и италијанската еуроскептична партија Движење 5 звезди. Во Хрватска , Живиот Зид кој е дел од државниот парламент по пат на Фејсбук побара покренување на референдум.
Би можеле да кажеме дека се остваруваат најцрните денови на европските лидери, доминое фектот на британскиот референдум, будење на нациите и можност од распад на целата организација.
Бепе Грило, лидер на италијанската партија Движење 5 звезди повикал не само на референдум околу еврото, туку и на референдум околу можно излегување од ЕУ.
Инаку ова партија во Италија на последните избори за градоначалници оствари голема победа освојувајќи 19 од 20 општини.
Во Франција Марин Ле Пен исто така побарала референдум за излегување изјавувајќи дека Франција има стотина причини повеќе за излегување отколку Велика Британија.
Во Холандија анкетите покажале дека мнозинството на граѓани се за референдум за зачленувањето и дека граѓаните се поделени.
(dnevno.hr)










