Политичките партии, кои водат индиректни разговори, преку странски дипломати во Скопје, би можеле најдоцна до петок да постигнат договор за одложување на изборите за погоден термин во септември или во октомври, објави Плусинфо повикувајќи се на партиски извори.

johanes-han-670x308

 

Предлогот за компромис најверојатно би го дала ДУИ на Али Ахмети. Во пакет со ова решение е и предлог за укинување на актите за аболиција што ги донесе претседателот Ѓорге Иванов. Порталот дознава дека во разговорите е изнесен предлог за законски засновано решение за укинување на аболицијата без оглед на волјата на претседателот Иванов.

На маса бил и предлог за одржување на избори на 5 јуни, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, но со претходен договор за составот на идната влада што би била избрана после изборите. Размислувањата оделе во насока таа влада да биде со широка политичка поддршка, за да може да ги спроведе неопходните реформи.

Но, за СДСМ клучен приоритет е да се одржат фер и демократски избори, бидејќи се смета дека од нефер избори не може да произлезе летигитмна влада, без оглед на нејзиниот состав. Нашиот извор тврди дека опозициската партија инсистира на остварување на главните насоки од извештајот на Прибе, како услов за одржување фер и демократски избори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here