МАГЛА НА ИСЛАМОФОБИЈА НАД ЛОНДОН: Лондон ќе го добие првиот муслимански градоначалник?!

by Administrator

Според анкетите Khan е во предност и аналитичарите очекуваат дека Лондон ќе го добие првиот муслимански градоначалник.


FOTO: Khan, Goldsmith (public)

Лондончаните во четврток излегуваат на избори за нов градоначалник, а двајцата водечки кандидати  Sadiq Khan i Zac Goldsmith живо ја одржуваат традиционалната класна поделба помеѓу британските лабурсти и конзервативци.

Лабуристичкиот кандидат Khan, поранешен адвокат за човекови права, во својата кампања ги нагласува своите скромни почетоци, а Goldsmith се обидува да го заобиколи фактот дека доаѓа од една од најбогатите фамилии.

“Мојата приказна е приказна за Лондон“, вели Khan, кој бил помошник на министер во последната влада на лабуристите.

“Мојот татко беше возач на автобус, а мајками шивачка. Лондон ми даде друга можност да од животот во социјален стан дојдан до место во владата“, вели Khan (46), петти од осумте деца на пакистански доселеник. “На сите лондончани им ја ветувам истата можност каква што овој град ми ја даде мене“.

Zac Goldsmith (41) најавува дека ќе ја продолжи политиката на досегашниот популарен градоначалникак Boris Johnson, кој моментално ја предводи кампањата за излегување на Британија од ЕУ на референдумот закажан за 23 јуни

Според анкетите Khan е во предност и аналитичарите очекуваат дека Лондон ќе го добие првиот муслимански градоначалник.

Со нив во трката за градоначалници се и либералните демократи, зелените и евроскептиците кои немаат изгледи за победа.

Двајцата водечки кандидати ветуваат дека ќе ги решат двата најголеми лондоснки проблеми, неадекватната транспортна инфрструктура  и кризата со станувањето.

Кампањата во последнава недела ја засени религијата на Khan и тврдењето на конзервативците дека тој е поврзан со екстремистите. Валканата кампања стигнала и до парламентот.

Поранешен министер за економија во коалициската влада со конзервативците, либерал демократот Vince Cable го обвини на Goldsmith дека се продружил кон “антиисламската кампања“ против Кан.

“Нема никаква потреба Goldsmith на мене да вперува пртс и вика дека сум муслиман, бидејќи тоа го пипува во моите предизборни материјали“, одговорил Khan на својот Твитер профил.

Goldsmith негира дека се фокусирал на религијата на Khan, велејќи дека лабуристо измислува иалсмофобија со што би го свртел вниманието од важните прашања.

Расколот ескалирал во парламентот на 20.април кога премиерот Дејвид Камерон изјавил дека лабуристите за свој кандидат во Лондон  некој кој се напѓа на “иста платформа со екстремистите“, притоа ваквата изјава да го натера представникот на опозицијата Jeremy Corbyn да излезе на говорница и извикен дека Камерон со ваквата изјава се однесува страмотно.

Камерон не замолчел. Туку веднаш изјавил дека Khan девет пати се појавил на собирите на Сулиман Гани, муслимански клерик за кого премиерот тврди дека ја подржува “Исламската држава“.

Гани ова го отфрлил, нагласувајќи дека “ во повеќе пати се произнесол против Исламаката држава“, додека Khan изјавил дека Камерон и Goldsmith водат кампања слична и речиси иста како онаа на Доналд Трам. Не негирал дек бил на собирите на Гани, ама тврди дека тоа го правел во својство на адвокат за човекови права.

Британските муслимански организации изразија загриженост заради ваквата кампања на конзервативците и ги повикаа да ја “ублажат вжештената реторика и насочат кон политиката.“

 

You may also like

Leave a Comment