
Сириската опозиција го отфрли предлогот на претседателот Башар ал Асад за формирање на единствена влада со провладини елементи и опозиција, пренесе агенцијата Франс Пресс.
Во меѓународните резолуции се споменува формирање на преодна влада со целосни овластувања, вклучувајќи и извршување на претседателски должности. Асад не смее да остане на власт после формирањето на тој орган, тој повеќе ниту момент не смее да остане на власт“, изјавил шефот на делегацијата на Високиот преговарачки комитет во Женева Асад ел Зоаби, пишува Глобалцир.
Тој додал дека Башар ал Асад и ’неговиот режим’ ја изгубиле врската со реалноста и дека сите изјави на сирискиот претседател представуваат обид да се избегнат одговорите на прашањето за заминување од власт.
Во интервју за руската агенција Риа Новости, Асад се повикал на обединување на владата и опозицијата и предложол формирање на ’единствена влада’, отфрлајќи ја идејата за воспоставување на преодна влада со полни овластувања кои ќе ги застапува опозицијата.
Формирањето на извршно тело кое би управувало со земјата зафатена со војна во наредните 18 месеци, колку што според проценките на ОН останало до следните избори, представува главна точка за несложување помеѓу двата спротивставени табори.
Со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН предвидено е формирање на привремена или преодна влада, ама не е јасно на кој начин таа ја вршела улогата на власт.
Приврзаниците на легитимната влада на претседателот Асад се залагаат за влада која би ги вклучувала и представницитр на опозицијата и би му одговарала на претседателот во рамките со важечкиот устав.
Од друга страна, опозицијата бара формирање на преодна влада која би имала целосни овластувања, вклучувајќи ги и претседателските должности, во кои Асад не би имал никаква улога,
“ Не обрнуваме внимание на толкувањето на Асад на преодниот период, туку се залагаме за воспоставување на нов систем заснован на политички плурализам и принципите на граѓанската демократија“, изјавил Зоаби.
Минатата недела завршен е уште еден круг на преговори во Женева под надзор на ОН, ама сепак не е постигнат значителен напредок во решавањето на кризата, бидејќи и понатаму останало отворено прашањето за ’ заминување на Башар ал Асад од власт’.









