Судот во Франција одлучи дека снимените телефонски разговори меѓу Саркози и неговиот адвокат се валиден доказ за наводна корупција, пренесуваат светските медиуми.

Францускиот суд пресуди дека прислушувањето на бившиот претседател Николас Саркози е легално и прифатливо како доказ, што значи дека ќе може да му биде судено за корупција.
Тоа ги руши надежите на бившиот претседател дека ќе може повторно да се врати во Елисејската палата, пренесува Ројтерс.
Судот одлучуваше по жалбата на адвокатот на Саркози, кој смета дека истражните судии ги пречекориле овластувањата и со тоа што прислушуваните разговори ги земале како доказ.
Сепак, судот најголем дел од разговорите ги прогласи за валидни.
Против поранешниот француски претседател во февруари беше покрената истрага поврзана со скандал за неправилности во трошењето средства за време на неговата претседателска кампања во 2012 година.









