
Анкара-Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјавил дека Анкара ќе го плати својот историски дол спрема “браќата од Алепо“ кои помогнаа во одбраната на Турција на почетокот на 20.век.
Тој ова го изјавил само на неколку денови одкако Москва предупредила на намерата на турските власти да извршат инвазија на Сирија во моментите кога опозициските сили се пред пораз.
“Ние ќе го вратиме својот историски долг… Во еден момент, нашите браќа од Алепо ги одбранија нашите градови, Шанлиурфа, Газијантеп, Кахраманмарас… Сега ние ќе го одбраниме овој херојски град Алепо, цела Турција ќе застане зад своите браќа“, рекол Давутоглу.
Претседателот на Владата потсетил на настаните од Првара светска војна и настаните од турската војна за незвисност.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков претходно предупредил дека Москва има сознанија дека Анкара подготвува инвазија на Сирија и дека е подготвена на акција на својата граница со Сирија.
Градот Алепо се наоѓа под големи напади на руските бомбардери, кои ги следат копнените сили лојални на претседателот Башар ал Асад.








