саудиски војници

На територијата на Саудиска Арабија во теке е обука на војници од повеќе арапски земји за можна копнена операција во Сирија.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници меѓу арапските држави подготвуваат до 150.000 војници за можна операција во Сирија против Исламската држава, тврдат американските медиуми.

Како што соопштиле извори од Кралството, обуката се врши на нејзина територија и во неа учествуваат саудиски, египетски, судански и јордански војници.

Претходно советникот на саудискиот министер за одбрана Ахмед Асери изјавил дека неговата земја е подготвена да испрати војници во копнена операција во Сирија, со услов таа да биде договорена со командата на меѓународната коалиција на чело со САД. Тој претпоставил дека таквата одлука може да биде донесена на самитот на НАТО во Брисел наредната недела.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер потврдил дека на самитот на НАТО на ова иницијатива ќе поразговара со претставниците на Саудиска Арабија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here