ОАЕ : Шеикот на Дубаи, Мохамед бин Рашид ал Мактум, бара министри помлади од 25 години

by Administrator

Претседателот на владата на ОАЕ шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум сака за нов министер за одбрана да пронајде особа помлада од 25 години.

Премиерот и потпретседател на ОАЕ и владетел на Дубаи преку Твитер ги повикал сите универзитети  во земјата за министерско места да се кандидираат по три момчиња и три девојчиња кои дипломирале во последните две години или се на завршни години од студиите.

“Би сакал на нашата омладина , нивните клучни прашања и амбиции во владата како министер да ги претставува млада личност. Младината представува половина од нашето арапско општество и единствено логично е нив да им го дадеме гласот и улогата да управуваат со нацијата“, потврдил Мохамед бин Рашид.

Како додал тој “младата земја е изградена со рацете и достигнувања на младите, а младоста е сила и брзина и гаранција за иднината“.

 

You may also like

Leave a Comment