
Саудиска Арабија денес ја намали цената на нафтата за фебруарската испорака за Европа, во настојување да се избори за пазарен дел во екот на презаситеностра на пазарот со “црно злато“.
Во соопштението на саудискиот конгломерат Арамко се наведува дека цената на арапската“лесна нафта“ намалена е за 0,60 центи по барел од јануари, на 4,85 долари по барел, што е испод меѓународната референтна цена на овој енергент, пренесува агенцијата Франс Пресс.
Потегот на Саудијците доаѓа во момент кога нивниот главен конкурент, Иран, кој исто така е член на организација на земјите извознички на нафта (ОПЕК), се подготвува за извоз на овој енергент во Европа, кога ќе бидат укинати санкциите против Техеран во рамките на нуклеарниот договор постигнат со водечките светски сили минатата година.
Овој чекор доаѓа во среде наарастувањето на кризата помеѓу Ријад и Техеран, после нападите на демонстрантите во Иран на мабсадата на Саудиска Арабија овој викенд заради погубувањето на еден од истакнатите шиитските свештеници, после што Ријад ги прекина дипломатските односи со ова исламска република.
Властите во Саудиска Арабија, исто така благо ја намалиле и цената за испорака на нафта за САД и Блискиот исток, ама ги подигнаа цените за испорака на сите енергенти во Азија.

Цената на арапската ’лесна нафта“ за Азија подигната е за 60 центи по барел, ама останала на 80 центи пониска од репер цената на нафтата, се наведува во соопштението на саудиската компанија.
До воведување на мешѓународните санкции на Техеран 2012 година затади нивниот нуклеарне програм, Европа традиционално била пазар за извоз на иранска нафта, потсетува Франс пресс.
Иран: Нема да учествуваме во војната околу цената на нафтата
Иран сака со ривалските производители да ја избегне војната околу цената на нафтата и да само постепено зголеме извозот по укинувањето на санкциите, изјавил генералниот директот на Наципналната иранска нафтена компанија (НИОК) задолжена за меѓунардони прашања, Мохсен Камсари.
“Не сакаме да започнеме некој вид на своевидна нафтена војна. Ќе бидеме суптилни во нашиот пристап и постепено ќе го зголемуваме производството. Нема простор за дополнителн о намалување на цената на нафтата, имајќи во предвид на тое моментални ниво таа се наоѓа.“ изјавил Камсари во телефонска изјава за Ројтерс.
Тој не прецизирал за колку Иран ќе ја зголеми испораката, ама потврдил дека претставници на Техеран нема да понудат дополнителни попусти како би привлекле клиенти.

Иран моментално извршува наплата на продадена нафта на одложено и до 90 дена и нуди извесен попуст на купувачите во Индија, наведува Ројтерс и потсетува дека официјален Техеран во повеќе наврати ги повикал и останатите членки на Организацијата земји извозбички на нафта (ОПЕК) да направат простор со што таа земја би го зголемила извозот на “црното злато“ по укинување на сакнциите.
Нешто поскромно враќање на иранската нафта на пазарот, како отценува Ројтеср, би му одговарало на Саудиска Арабија и другите членки од ОПЕК, кои и понатаму водат агресивна борба за дел на пазарот.
Цените потонаа на 33 долари
Цените на нафтата утринава паднаа на 33 долари за барел, откако губитоците на сировата нафта продлабочени се во текот на растот на енергетските залихи во САД и понатамошното слабеење на кинеската валута, Јуанот.
Американската “лесна“ нафта WTI за испораките во фебруари паднала на 88 центи, или ,59% , на 33,09 долари, што претставува најниско ниво од декември 2008 година за време на светската финансиска криза, кога цената го допрела дното од 32,40 долари, известува агенцијата АП.
Во Лондон цената на сировата нафта од типот“брент“, која претставува европско мерило, за испораката во фебруари поефтинила за 1,46 долари односно 3,5 долари, на 32,77 долари.
На вчерашното затварање цената на нафтата била под 35 долари за прв пат во повеќе од единаесет години, на 34,23 долари по барел. Последен пат цената на нафтатата од типот “брент“ толку ниска била во јули 2004 година.










