КУРДИ

Конгресот на прокурдските невладини организации побара од Анкара на југоисточните региони на Турција да им додели автонимија низ реформа на Уставот.

Демократско општествениот конгрес ја усвоил декларацијата во која се наведува потребата за курдска самоуправа на југотсокот на Турција.

“Праведниот отпор  на нашиот народ против политиката која го деградира курдскиот проблем е неопходен и мора да се зацврсти низ локалната самоуправа и локалната демократија“, се наведува во декларацијата која содржи 14 точки.

Во документот исто така се наведува дека автономниот регион на територијата на Турција кој го населуваат Курдите би можел да се оствари во една од неколкуте турски провинции.

Исо така, наведено е дека регионот б и требало да има свои влади и избран и представници, ама и безбедносни сили под контрола на регионалните власти, пренесува Б92.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here