
Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубери, изјавил дека Саудиска Арабија и останатите заливски земји веќе ги започнале разговорите за испраќање на специјални сили во Сирија во рамките на борбата против Сирискиот режим на Башар ал-Асад.
“Моментално се водат преговори помеѓу земјите кои веќе учествуваат во коалицијата, а тоа се: Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин за оспраќање на специјални сили во Сирија. Тие преговори сеуште се водат и не се завршени“, изјавил Адел ал-Џубеир во разговор со новинари.
Се разбира, доколку специјални сили од овие земји влезат во Сирија, тешко да се верува дека само дека ќе се соочат со прврзаниците на Асад, бидејќи ќе се соочат и со милитантите на ИСИЛ, како и шиитскиот Хезболах.
Изјава на Саудискиот министер за внатрешни работи доаѓа непосредно после објавата на Саудиска Арабија дека формирале голема воена коалиција во које ќе учествуваат вкупно 34 земји.










