ЖЕНА КОЈА СО ТЕЗГА ГО ПРЕВРНА СВЕТОТ: Хамди, ја покренав Арапската пролет, а сега цвета само екстремизам кој убива невини луѓе.

by Administrator

Пред пет години, Фаида Хамди како пазарен инспектор запленила една тезга во Ѕунис. Никој и не можел да претпостави какви ќе бидат последиците од олку наизглед обичен чин.


Пред пет години, Фаида Хамди како пазарен иснпектор запленила една тезга во Тунис. Никој не можел да претпостави какви ќе бидат последиците од вообичаениот чин.

На момчето кое ја држело тезгата со овошје и зеленчук му забранила да работи, а тој револтиран после протестот се самозапалил. Набрзо починал, а голем број на Арапи протестирале на улиците на Тунис, што всушност претставувало и почеток на т.н Арапска пролет.

И додека целиот свет одбележува пет години од тие настани кога се менуваа режими во “недемократските“ земји, Сирија и Ирак сеуште се во пламен, а Либија се распукнува.

“Понекогаш посакувам тоа никогаш да не го направев“, вели Хамди.

“Се чувствувам како одговорна за сё што уследи“, зборувала Фаида со треперечки глас во интервју за британски Телграф.

“Понекогаш се обвинувам себе си како творец на историјата бидејќи моите дела допринесоа за сето ова како што изгледа денс. Во меѓувреме, Тунежаните страдаат како и обично“, вели Хамди.

Сепак, немаше многу посматрачи кои можеа да замислат што ќе се изроди од сето тоа, дури ни кога претседателот Бен Али со сопругата после една недела од протестите не побегнаа со авион во Саудиска Арабија, носејќи со себе добар дел од Туниските златни резерви.

Не се знае каква ќе биде иднината на арапскиот свет после сето ова. Кога станува збор за семејството на Мухаммед Буазизи, момче кое се самозапали се пресели во Канада.

“ И Мухаммед и јас сме жртви. Тој го загубу животот, а ниту мојот повеќе не е ист. Кога сега ќе го погледнам целиот регион и мојата земја, заради сето тоа многу ми е жал. Смртта е на секаде, а екстремизмот цвета убивајќи невини души“, изјавила Фаида.

 

You may also like

Leave a Comment