
Откако соборија руски воен авион, сега сите очи се вперени кон Турција.
Не пертставува изненадување тоа што Турција лесно успеа да го собори рускиот авион. Турската војска користи најсовремена опрема, вклучувајќи ја и она увезена од САД и голема количина на опрема од домаѓно прозиводство.
Ви претставуваме дел од воената опрема која ја поседува Турција:

Турски авион Ф-16 Борбен Фалкон кој го собори рускиот Сухој-24. Турција поседува околу 300 вакви американски повеќенаменски борбени летала кои и самата ги произведува со помош на лиценца.

Израелско летало ИАИ Херон кое Израел го користел како би вршел надзор над Газа. Турција псоедува 10 вакви летала, специјално направени со силен мотор и турска опрема за обработка на фотографија.

Турција исто така оперира и со три MQ-1 Предатор дронови од американско производство. Кога ќе се опремат со ракети од типот Hellfire, овие дронови можат да бираат цели на земја кои нема да имаат поим дека се надгледувани.

Американски Хеликоптери Black Hawk кои сеуште се користат во војската на САД. Турција неодамна нарача 115 вакви хеликоптери и тоа специјално модификувани.

Panter Howitzer е оружје кое неодамна е развиено во Турција за потребите на војската и располага со домет од 40 километри.

Американски MGM-140 воено тактички систем кој е способен да погоди цел и на одалеченост од 160 километри. Турција во својот арсенал ги има 100.
Турската војска со гордост го претстави тенкот Алтај. Алтај го произведува компанијата Отокар, која посебно е позната по производството на автобуси.
Турција исто така има и сопствен ракетен ситем воздух-земја: Mizrak-U. Управуваната ракета може да ја потврди-открие целта на оддлаеченост од 8 километри.
BMC Kirpiуште едно парче на оружје од домашно производство. Турција поседува 600 примероцу на овој модел.
Kirpi – на турски јазик значи еже.
Турција е во процес на опремување на својата војска со пола милион огнено оружје. Ова оружје развиено е во Турција веќе шест години како би одговарало на климата и теренот на кој оперираат турските трупи.
Бродови, од турски дизајн , со стелт технологија, истите се опремени како би се пресметувале со сите тргнувајчи од подморниците до воздушните сили. Турција има два вакви бродови и планира да произведе уште шест.
Турската морнарица во својот посед има 13 германски подморници од типот 209. Секоја од нив опремена е со 14 торпеда и анти-брод ракети.
Ова беше само дел од арсеналот на оружје кој го поседува Турција, останатиот дел како и секоја држава истанува во тајност заради безбедносни мерки, и заштита.