Денешното соборување на рускиот “сухој-24 предизвика сигурен губиток кој ја потресе руската војска од почетокот на воздушната кампања во Сирија.

rusija- putin- rat

Аналитичарот Ronald Olifant кој известува од Москва напоменува дека во прашање се сурови моменти за пилотите, нивните семејства и соборци на теренот.

Меѓутоа соборувањето на рускиот воен авион, претставува сериозне удар врз рускиот Генералшаб кој знае дека кога се борите во војна, работите можат да тргнат наопаку.

Со оглед на тоа дека Русите знаат дека може да дојде до вакви ситуации, сигурно имаат планови за непредвидливи ситуации.

Гледдајќи ги извештаите на руските медии, јасно е дека и тие се подготвени на реакции во вакви околности.

Иако рускиот претседател најавил остар одговор на соборувањето на рускиот авион, сеуште не се знае што тоа би можело да донесе.

Како вели Ronald Olifant, воена одмазда сигурно не доаѓа во обзир.

– Турција е членка на НАТО пактот и соборувањето на нивниот авион како одговор и одговор на тоа би предизвикал ризик од почеток на Трета светска војна – изјавил Ronald Olifant.

Наместо тоа, вели тој, можно е Русија да удри на групите кои Турците ги подржуваат на терен – вклучувајќи ги и туркменските групи за кои Анкара веќе ја предупреди Русија.

Може, се разбира да се очекува и дипломатски одговор.

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров наводно ја откажал претходно закажаната посета на официјална Анкара, а друг пратеник дури повикал и на евакуација на руски државјани од Турција.

Трето потенцијално сценарио е економски одговор. Русија би можела да го укине снабдувањето со природен гас кј Турците го користат преку зима.

Сепак, колку сё далеку ќе се тргне, сето тоа се  наоѓа во рацете на Владимир Путин  кој сеуште не еподготвен да ги отвори сите карти.

Извор: (Telegraph.co.uk,)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here