bejrut-bolnica-reuters_800

Само на еден ден пред терористичките напади во Париз, Исламската држава ја презеде одговорноста за двојниот бобмашки напад во Бејрут во четвртокот во кој загинаа 43 луѓе, а повеќе од 200 се ранети. (Reuters)

Либанската влада петок го прогласи за ден на жалоста во земјата. Станува збор за еден од најсмртоносните напади во Либан во последните неколку години.

Меѓутоа медимуите ширум светот не му даадо ниту приближно внимание на овој масакр, како на оној во Париз кој се случи еден ден подоцна.

Индијската блогерка Каруна Езара Парик на ова одговорила преку својот статус кој набрзина се прошири низ социјалните мрежи

– Не е Париз тој за кого треба да се молиме, туку тоа е светот – напишала таа.

Тоа е светот во кој Бејрут беше погоден од бомбашките напади, и тој настан никаде не беше покриен во медиумите. Свет во кој бомба експлодира на погреб во Багдад, а ниту една особа во својот статус не напишала за Багдад бидејќи ниту една бела особа не погинала во тој напад.

Во јули минатата година, повеќе од стотина Египќани погинаа во напади на Исламаката Држава. Минатиот месец стотина погинаа во бомбашки напади во Анкара. Потоа следуваа Бејрут и Париз. Како што вчера претседателот Обама изјави  после нападите во Париз: “Ова е напад на целото човештво и универзалните вредн ости кои ги делиме“.

Претседателот Обама не даде таква или било каква друга изјава како одговор на нападите во Бејрут.

Дури и Фејсбукот, кој после терористичките напади во Париз скспресно го активира својот „safety check“,а исто не го направи и изминатиот ден после нападите во Бејрут.

Либанците кои сеуште се опоравуваат од шокот заради нападите во Бејрут ширум социјалните мрежи ја искажаа својата солидарност со Французите заради нападите во Париз, ама сепак го запрашаа и Фејсбук, не заслужуваат ли и тие, односно не ја залужуваат ли истата онаа апликација после терористичките напади во Бејрут.

Потсетуваме, по пат на ова апликација сите кои се наоѓаат недалеку од местата каде што се одвивале терористички напади, апликацијата автоматски ќе ги праша дали се на сигурно, а потоа ќе ги извести нивните пријатели на Фејсбук дека се добро.

Корисниците исто така по патот на ова паликација можат да проверат како се нивните пријатели кои се наоѓаат во Париз.

Бомбашки напади: 621 мртви во Нигерија, 378 во Ирак, 259 во Јемен.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here