German Chancellor Angela Merkel gestures

При гостувањето на германската телевизија АРД, на покана на водителката Анне Њилл, Меркел на прашањето за можноста од стопирањето на приемот на мигранти и лица кои бараат азил во Германија, таа одговорила: “ Како ќе го постигнеме тоа?“ Не можеме да ги затвориме границите, тоа не би функционирало.“ Канцеларката нагласила дека е апсурно да се дава ветување кое не може да се исполни.

Таа постетила и на фактот деека Турција е земја членка на НАТО, а чии преговори за приклучување во ЕУ сеуште траат, а примила повеќе од 2 милиони бегалци. “ Европа и Турција потреби си се една на друга“, исакнала Меркел, признавајќи дека ЕУ мора да биде во постојан контакт со Турција, по ова прашање.

Покрај тоа, германската канцеларка истакнала дека прородлжуваат преговорите со турската влада околу подобрувањето на животните услови на бефалците сместени во Турција. Истакнала дека состојбата на бегалците во Турција не е лоша, и дека околу 300 илјади луѓе имаат статус на “гости“, бидејќи не сакаат својот пат да го продолжат кон Европа.

На прашањето за процесот за приклучување на Турција кон Европската Унија, Мерекел потврдила дека критериумите од Копенхаген сеуште важечки и дека во внатрешниоста на европскиот блок и понатами се разглдува поузданоста на Турција (како членка).

Ангела Меркел во неколку наврати се изјаснила и го искажала своето противеење на приклучувањето на Турција во ЕУ, ама тоа не значи дека нема да преговара со Турција.

Нешто пред тоа, изјавила дека терористичката организација ПКК е на листата на забранети во Германија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here