Американскиот државен секретар Џон Кери изјавил дека пребрзото заминување на Асад би можело да предизвика експлозија коај Сирија би ја лишела од мирот

Кери се залагал за мирна транзиција и заминување на Асад без страв и одмазди.

Американскиот дежавен секретар изјавил дека САД ја смениле позицијата околу сирискиот претседател Башар ал-Асад и дека повеќе не инсистираат на негово итно заминување, туку дека се сложуваат со неговото “диригирано“ заминување во “разумен период“, јавува Тањуг.

“Потребна е мирна ѕранзиција, управувана транзиција, со што би немало страв од одмазда, и губитоци на животи, и освети“, изјавил Кери, залагајќи се за промена на раководството во “разумно време“ во рамките на планираниот преоден период.

Сепак како што изјавил, Асад мора да си замине.
“Бидејќи се додека Асад е таму, мирот едноставно е нодостижен.“ рекол маериканскиот државен секретар.

Кери исто така истакнал дека активното вклучување на Русија во сириската криза претставува “можност“ за САД за решавање на кризата, меѓутоа Москва би можела да се најде во “комплицирана“ ситуација заради нејзиното присуство во Сирија.

Различни ставови.

Според неговите зборови, доколку Русија застане на страната на Асад, Иран и Хезболах, ќе има “многу сериозен проблем“ со сунитските земји во регионот и би можела да стане цел на сунитските бунтовници.

Тој исто така истакнал дека не може да се постигне политичко решение без вклучување на сунитите во овој процес.

Американскиот претседател Барак Обама пред два дена во ОН изјавил дека САД се подгптвени заедно да работаат со Русија и Иран на надминувањето на кризата во Сирија, меѓутоа повторил дека идното решение не може да значи враќање  на предвоениот “ статус кво“, односно власт на Башар Ал-Асад.

Американскиот лидер нешто претходно му одговорил на рускиот колега Владимир Путин кој денес отценил дека “соработката со терористите на Блискиот исток би можела да доведе до вооружени судири“ и дека несоработката со сирискиот претседател, претставува голема грешка“, бидејќи тој е “борец против тероризмот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here