Првата група на европски бегалци, од околу 19.000 луѓе пристигнале во Африка во 1942 година, во пристаништето Момбаса во Кенија од каде биле распоредувани по камповите во Кенија, Уганда, Танзанија, Замбија и Зимбабве. Меѓу бегалците најмногу имало Пољаци, додека повеќето од Европјаните биле сместени на северот на континентот во Егупет, Тунис и Алжир, сѐвкупно на територијата на Африка биле изградени 22 големи кампови за раселени лица.

Во бегалскиот камп Ал-Шат, на синајскиот полуостров, биле сместени околу 30.000 Европјани, а меѓу нив имало околу 6.000 Југословени со потекло од Макарска, Вис, Хвар и Корчула.

Рвропските бегалци исто така биле згрижени и во Индија, Ирак, Иран и Либан, а мексиканската влада во 1943 година прифатилапреку 10.000 европски бегалци, кои биле сместени во кампот Санта Роса.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here